Лидерски потенцијали и вештини

Семинарот Лидерски потенцијали и вештини има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност. Семинарот кај учесниците ќе придонесе за постигнување компетенции на лидерски вештини и нивна практична примена за зголемување на моралот и продуктивноста во организацијата, како и можностите и границите во чии рамки треба да се управува со човечките ресурси.
Почеток: отворена ON-LINE група од 26 Јануари 2021 ;
ON-LINE менторство и интерни групи, Декември 2020, Јануари 2021, Февруари 2021
термин за настава: 5 предавања , секој вторник од 17.30-19.30 часот ;
on-line менторство (5 сесии х 120 мин) во термин по договор или сабота: 10.00-16.00 (х 2 предавања) , или интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма
фонд на часови: 15 / (еден наставен час - 40 минути)
цeнa: отворена група - 6.150,00 / учесник
интерни групи - 27.500,00 ден./групи до 5 учесници
предавач: Катерина Вељановска Блажевска
ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките
сертификат: Лидерски Потенцијали и Вештини
Придобивки од обука
Со завршување на семинарот учесниците ќе научат:
- како да го препознаат лидерот во себе
- како нивните активности да имаат ефект врз моралот на другите луѓе
- како да ги поттикнат и мотивираат вработените
- како да воспостават продуктивно партнерство со вработените
- како да изградат свој автентичен лидерски стил
- како да го адаптираат својот лидерски стил кон различните вработени и ситуации
- како да изградат позитивен дух во тимот
- како да одговорат на позитивен или негативен фидбек
- како да поттикнат креативно размислување и иновации
- како да креираат визија и како да ги остварат своите цели, планови и активности
Сите менаџери не се лидери и сите лидери не се менаџери. Менаџментот значи ефикасно реализирање на работата со управување на луѓето. Лидерството е вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа.
За успешно лидерство потребна е комуникациска стратегија во интерните односи со вработените во организацијата. Преку користењето на зборовите на одреден начин, способен професионалец може да влијае на односите со интерната јавност и на промена на однесувањето и очекувањата.
Литература
сите учесници на обуката ќе добијат печатени работни материјали
Метод на настава
интерактивни техники на ангажирано подучување и учење
Реализација
Програмата се реализира како on-line отворена група или on-line менторство (индивидуално или интерна група) 3 сесии по 120 мин, како интензивна викенд (петок-недела) тим билдинг програма или класична програма со 2 предавања во сабота од 10.00-16.00 часот.
Пријавување и котизација
Пријавување учество на отворена ON-LINE обуката се реализира со пополнување на пријавата дадена на линкот http://www.cosmoinnovate.com.mk/sites/default/files/prijava-liderski_pot...и доставување на е-маил: contact@cosmoinnovate.com.mk
Котизација за учество на отворена ON-LINE група за семинарот е 6.150,00 ден./учесник.
пријавување и информации:
(02) 244 8077; 070 223 686
contact@cosmoinnovate.com.mk