ЕУРЕМ - EUREM European Energy Manager

ОБУКА 2018 - Национална сертификација за Енергетски Менаџери согласно ЕУ директива 2012/27/EU и Закон за Енергетска Ефикасност на РМ (во подготовка)

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија
го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken.

http://www.energymanager.eu/http://mk.eurem.net/

Сертифицирани енергетски менаџери се услов и за учество на претпријатијата во проекти со компоненти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија , а се финансирани од фондовите на ЕУ.

Енергетските Менаџери вршат и супервизија за законски дефинираните национални таргети на заштеда на енергија и функционалност на енергетскиот менаџмент систем со енергетскиот аудит на секои 4 години и предлагаат соодветни мерки и одржливи технички проекти. Националните тергети за енергетска ефикасност се однесуваат на проекти во објектите на државните институции и административни и индустриски објекти на претпријатијата за:

  • Мерењето на потрошувачката на електрична енергија, природен гас, централно греење/ладење и системи за достава на топла вода
  • Информативен систем за потрошувачката на енергијата
  • Проекти за енергетска ефикасност за греење. ладење и климатизирање на објектите
  • Проекти за енергетска ефикасност во трансформација, пренос и дистрибуција на енергијата вклучувајќи и проекти за производство од обновливи извори на енергија: мали хидроцентрали, соларни панели, когенеративни системи, геотермални топлотни пумпи, пелети (производство) итн.

 

ОБУКА И СЕРТИФИЦИРАЊЕ

EUROPEAN ENERGY MANAGER - Европски сертифицирана програма на Индустриската Комора на Нинберг

Меѓународно Сертифицирана обука за изработка на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за финансиски линии на EBRD, EIB и KFW (проекти во Македонија и WB6 Западен Балкан)

EUREM е стандардизирана европска Energy Manager програма за обука, која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења. EUREM Energy Manager концептот веќе е докажан кај персоналот на компании со значителна потрошувачка на енергија, како и кај енергетските консултанти, на кои им овозможува да планираат и имплементираат економски и еколошки ефикасни енергетски решенија за бизнисите. Во просек, секој Energy Manager развива мерки со заштеда од 750 MWh/a за неговата компанија во текот на програмата. Околу 80% од овие мерки се спроведуваат во текот на програмата, а останатите се реализираат подоцна. Поголемиот дел од проектите во компаниите се исплаќаат во рок од две до три години.

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, издаден на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

ПРИЈАВУВАЊЕ

пријавувањето и пополнувањето на групата е во тек

пријава - http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/prijava%20za%20EUREM%20obuka%...

брошура (.pdf) - http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Flaer%20-%20Energy%20Manager.pdf

По пријавувањето, изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во групата го врши Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг. Завршниот сертификат за European Energy Manager го издава Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг.

За учество во проектот може да се пријават максимум три претставници од една организација.
Вкупниот број учесници е ограничен на 15 кандидати.

НАСТАВА И ПРОГРАМА

Обуката се реализира во десет месеци - два пати месечно по еден-три дена (петок-сабота), во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување.

ПРОГРАМА >> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Programa%20EUREM..doc

 

ПРОМОЦИЈА НА ПРОГРАМА И ЕУРЕМ ПРОЕКТИ

21 Септември 2018 - Македонски енергетски ден 2018 https://goo.gl/E7HcYG

25 Октомври 2018 - Велес

29 Ноември 2018 - Тетово

15 Декември 2018 - Скопје

ЕУРЕМ промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

ТРОШОЦИ И КОТИЗАЦИЈА

Учесниците самостојно ги покриваат трошоците за наставата, која ќе се реализира во Скопје (160 наставни часа) во вкупна вредност од 66.500,00 денари + 18% ДДВ и завршно тестирање од 6.130,00 денари + 18% ДДВ со можност за плаќање на 10 месечни рати.

Повеќе информации за EUREM MK на www.sbch.org.mk 

ПОВИК за обуката: http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8

КОСМО Иновативен Центар ја спроведува во Македонија обуката ЕУРЕМ - EUREM European Energy Manager во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нирнберг и Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија.

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР
бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk
www.cosmoinnovate.com.mk