Сметководство - комплетна ON-LINE дуална обука

×

Error message

Deprecated function: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in _menu_load_objects() (line 579 of /home/cosmoinnovate/public_html/includes/menu.inc).

Програмата на курсот опфаќа комплетна практична обука за финансиско и материјално сметководство согласно Меѓународните Сметководствени Стандарди (МСС). Со успешна реализација на обуката учесниците ќе можат самостојно да водат сметководство на мали и средни претпријатија.  Учесниците на обуката можат да бидат почетници со или без предходно формално економско образование, исто така можат да бидат и веќе искусни вработени во оддел за финансии кои имаат потреба за комплетни познавања на сметководствените процедури, тековни законски прописи за самостојно водење на финансиско и материјално сметководство. СМЕТКОВОДСТВОТО има клучно значење за секој деловен субјект или организација. Како идни работници, сопственици на мал бизнис или претприемачи, учесниците на обуката за сметководство ќе можат многу подобро да ги менаџираат финансиите на своите претпријатија. Обуката се реализира дуално, 30-40% теоретска настава, 60-70% практична настава.Се работи на компјутери со инсталиран професионален софтвер за сметководство и со реални документи - односно во текот на обуката се води реално сметководство на претпријатие.

 

група: Септември 2022 г. 

термин за настава: вторник и четврток: 18.00 - 20.00 (x 20 предавања)

фонд на часови: 60 / (еден наставен час - 40 минути)

цена со попуст: 15.600,00 ден. (на четири месечни рати) 

предавач: Ирена Крстевска

ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Сметководство

 

Програма за обука

​На обуката ќе се обработат следните теми:

  • компјутерско и класично сметководство
  • редослед на сметководственото работење и начините на книжење
  • фактурата - основен сметководствен документ, и нивната формална и материјална исправност
  • инвентар и биланс во фирми
  • материјално сметководство (малопродажба и големопродажба)
  • сметки - конта
  • набавка-дефинирање на влезни фактури, контирање и книжење
  • увоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики
  • продажба - дефинирање на излезни фактури, контирање и книжење
  • амортизација и вредносно усогласување на постојаните средства
  • извоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики
  • изводи
  • благајна, патни и материјални трошоци
  • евиденција - актива и пасива на биланс на состојба
  • подготовка на плати
  • ДДВ - законска рамка,составување и пополнување на ДДВ образецот
  • периодична и годишна пресметка
  • данок на добивка и Данок на вкупен приход
  • БУ, БС и ДБ, запознавање, составување на завршната сметка и пополнување на пропишаните обрасци

Се работи на компјутери со инсталиран професионален софтвер за сметководство и со реални документи - односно во текот на обуката се води реално сметководство на претпријатие. Обуката се реализира со професионален софтвер за материјално, книговодствено-финансиско и комерцијално работење. 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат е-прирачник Финансиско и сметководствено работење и печатени работни материјали

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

Реализација

Програмата ќе се реализира во вкупно 20 предавања по 120 мин. секој вторник и четврток од 18.00 - 20.00 часот, во Скопје.

     

    Пријавување и котизација

    Пријавување учество на обуката се реализира со пополнување на пријавата дадена на линкот ПРИЈАВА ЗА ОБУКА  http://www.cosmoinnovate.com.mk/sites/default/files/prijava_za_kurs_smet...и доставување на е-маил: contact@cosmoinnovate.com.mk                                                                                                                                                                   

    Со уплата на една рата од котизацијата се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. Можност за плаќање на 4 месечни рати.

    Котизацијата за учество е 15.600,00 ден. 10% попуст за пријава на два и повеќе учесници.

     

    пријавување и информации:
     (02) 244 8077; 070 223 686
    contact@cosmoinnovate.com.mk