Во
функција на обезбедување поквалитетно живеење, зачувување на животната средина,
реализирање на проекти од енергетски аспект, на супституција, заштеда и ефикасно
користење на енергијата, како и користење на алтернативни извори на енергија,
ние им помагаме на луѓето и претпријатијата во подобрувањето на начинот на кој
управуваат со животната средина преку:
изработка на елаборати за заштита на околината
изработка на елаборати за управување со отпад
учество во
изработка на законската регулатива, стандардите и другите прописи од областа
на енергетската ефикасност и ефикасното управување со ресурсите
промотивни
мерки, совети и експертизи за ефикасно управување со потрошувачката на
енергија
промовирање
мерки за рационално и ефикасно управување со сопствените ресурси преку посебни
или преку периодични специјализирани публикации
изработка
на експертизи и студии од областа за проектирањето, изградбата и одржувањето
на енергетските објекти поврзани со заштеда и ефикасно користење на енергијата
КОСМО 2010
Конференцијаза енергетска
ефикасност - За профитабилен и
одржлив развој на градежништвото, при градбата е потребна интеграција на
еколошки (зелени) материјали, имплементација на енергетски ефикасна и обновлива
енергија во системи за греење и ладење, природно осветлување, природна
вентилација, прецизни мерни уреди, контролни системи и други иновации.Енергетски ефикасната градба придонесува за намалување на
енергетската потрошувачка и загадувањето и за зголемување на квалитетот на
живеењето. повеќе...
Конференцијатаги разгледува економските, техничките, политичките, правните и
институционалните прашања поврзани со енергетската ефикасност, со посебен акцент
и препораки за начините на кои
јавните установи, домаќинствата и бизнис-секторот
ќе ги намалат енергетските трошоци, а во исто време ќе ја заштитат климата и
животната средина.
повеќе...
КОСМО Иновативен
Центар е дел од
базата на податоци на Alliance to Save Energy
www.ase.org која ги содржи сите министерства, локални
самоуправи, невладини организации, бизнис и трговски организации,
како и професионални организации кои се активни во развојот на
политиката и програмите за енергетска ефикасност во земјите во
транзиција.
Низ програмата
Municipal Network for Energy Efficiency
www.munee.org организирана од
Alliance to Save Energy ,
United States Agency for International Development (USAID
) изнаоѓа нови начини за анимирање на позитивните искуства со
енергетската ефикасност во земјите од Централна и Источна Европа,
Русија и поранешниот Советски Сојуз.