kosmo

Управувањето и унапредувањето на производството кај малите и средните претпријатија се пресудни за нивниот развој и економски напредок. Нашата поддршка на производните претпријатија ја остваруваме преку:

  • изработка на физибилити-програми

  • изработка на инвестициони програми

  • контрола и унапредување на квалитетот

  • системи за квалитет ISO 9001:2000 - воведување и сертификација

  • ревизија на постоечката технологија на производство

  • воведување нови технологии

  • анализа на конкуренцијата и споредба на производи

  • зголемување на продуктивноста во индустриските процеси

ПРОЕКЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОГРАМИ
практичен прирачник за мали и средни претријатија

Заедничка карактеристика на инвестиционите програми за мали и средни инвестиции е да содржат што поголем број информации, глобална структура, презентација на табеларни прегледи, а информациите да се што пореални и логички структуирани. Збирната оценка за ефикасноста на проектот се изразува преку утврдените параметри сé со цел да се добие објективизирана подлога за избор на оптимална инвестициона варијанта (за инвеститорот), односно за избор на најдобар проект за кои постои намера за обезбедување финансиска поддршка (за банката или инвестиционите фондови).
повеќе...


Competitiveness and Innovation framework Programme CIP Framework programme (2007-2013)

CORDIS INNOVATION PROGRAMME

RISK MANAGEMENT SOFTWARE (pdf.)

PARIS е иновативна софтверска алатка и методологија која ќе ви помогне во менаџирањето на вашите бизнис-процеси, документи, ризици и контрола. Секое претпријатие кое сака да изгради интернационален процес-менаџмент систем може да го намали времето и трошоците користејќи го PARIS-софтверот и методологијата.
Уште нешто: скоро секој вид на сертификација бара воспоставен процес-менаџмент во претпријатијата.

PARIS
-софтверот ја нуди можноста за креирање интегрален систем според ISO-стандардите, дополнета со автоматско креирање на работни документи, сигурност на информациите и едноставна примена со минимална обука за вработените.

 

ЛИЗИНГ
прирачник за едукација и промовирање на лизингот

Во услови на пазарна економија, без разлика на степенот на развој на истата, за сите стопански субјекти заедничка е финансиската функција, чија основна цел и суштина е навремено снабдување со потребните финансиски средства за обезбедување опрема со најнови техничко-технолошки карактеристики, со што помалку ангажирани средства. Секој од стопанските субјекти се стреми кон поуспешно остварување на оваа функција, бидејќи од нејзината имплементација зависи и егзистенцијата на стопанскиот ентитет. Токму во реализацијата на финансиската функција простор за примена наоѓаат лизинг-аранжманите, како посебен механизам за зголемување на ефикасноста на вршењето на стопанската дејност. повеќе...

контакт
д-р Душан Николовски
консултант

тел. (02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

консалтинг-услуги во градежништвото

градежништво

подобрување на управувањето со животната средина

животна средина

поддршка на приватни мали и средни претпријатија

економија


ИНВЕСТИЦИОНЕН МЕНАЏМЕНТ

Во пазарниот систем на стопанисување е речиси незамисливо преземањето одредени инвестициони активности без да се пристапи кон оптимирање на програмата за инвестиција и развој. За таа цел, потребно е да се сработат одредени анализи и програми, односно да се пристапи кон програмирање на инвестициониот менаџмент. повеќе...
 

БЕЗБЕДНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА
практичен прирачник

Стопанските субјекти се должни да организираат стручни служби или поединец за одржување на инсталациите и постројките. На електричните инсталации и другите постројки можат да работат само стручно квалификувани работници од електро струка,а нивната едукација треба да биде постојана. На други работници ваквите работни задачи се забранети, зошто се изложуваат на опасност по здравјето и животот. повеќе...

ПРОТИВЕКСПЛОЗИВНА ЗАШТИТА
прирачник

КОСМО прирачник - Противексплозивна заштота

При користење на електричната енергија во технолошките процеси во кои се користат запаливи течности, пареи, прашина и гасови, кои со воздухот создаваат експлозивни смеси, кај електричните апарати и постројки најчесто се јавува електричен лак или искра која може да биде причинител за настанување експлозии. повеќе...

дома      услуги      производи      работа      за нас      контакт
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.