Одделот
за проектирање
нуди консалтинг-услуги во градежништвото. Во ова е вклучено проектирање на
станбени и деловни објекти, проектирање на индустриски објекти, ентериерно
уредување, проектирање на мостови, тунели, големи структури, подземни паркинзи,
граничници, потпорни ѕидови и звучни огради.
Овој оддел нуди посебна експертиза за сеизмички сигурна градба на објекти
и учествува во развој на националните стандарди за градба.
SQE-групацијата и COSMO
Project Center инвестираат и
реализираат градежни проекти за деловен, индустриски и станбен простор
Денес
телото во архитектурата се препознава многу покомплексно. Телото се'
повеќе навлегува во својата сопствена физичка структура или пак се
претопува со околната маса на просторот, така што одново се дефинира
низ една нова спрега на влијание која ја дава и прима во себе и кон
околината. На тој начин телото добива ново себеобликување и дава нов
лик на просторот и архитектурата воопшто. Телото станува нов феномен
на физичката структура, ги видоизменува своите елементи и станува
динамички присутно насекаде.
КОСМО 2010
Конференцијаза енергетска
ефикасност - За профитабилен и
одржлив развој на градежништвото, при градбата е потребна интеграција на
еколошки (зелени) материјали, имплементација на енергетски ефикасна и обновлива
енергија во системи за греење и ладење, природно осветлување, природна
вентилација, прецизни мерни уреди, контролни системи и други иновации.Енергетски ефикасната градба придонесува за намалување на
енергетската потрошувачка и загадувањето и за зголемување на квалитетот на
живеењето.