Едукативната
програма на КОСМО Иновативен Центар
нуди
сертифицирана бизнис-ориентирана обука на индивидуи подготвени за
доквалификација и напредок во кариерата или интерна обука на на групи во
компании и организации кои се грижат за континуирана едукација на персоналот
и на извршниот менаџмент.
За да се задоволат потребите на повеќе потрошувачки сегменти, едукативната едукативната програма
е наменски поделена на:
редовна програма на пакет обуки
составени од 3 или 4 модули (курсеви)
Со овие обуки кандидатите ги
надополнуваат своите квалификации и се подготвуваат за работа на типични работни
места во одделите за комерција, финансии, подготовка на проектни апликации за
донаторски или комерцијални фондови, раководење на проекти, техничко одржување и
проекти за енергетска ефикасност за раководење во јавни установи и организации,
како и за управување со мали претпријатија.
Обуките се наменети за
личен напредок на кандидатите и деловен развој на компаниите и
организациите во управување со човечките ресурси, стратешки
менаџмент, лидерство и бизнис-менаџмент, управување со промени,
кризи и континуитет во работењето.
Курсеви за маркетинг, менаџмент, сметководство,
комуникациски вештини, странски јазици итн. во траење од 2 до 3 месеци со
заокружена тематска целина
или еднодневни до тридневни специјализирани семинари со издвоени теми наменети за сите заинтересирани за
надополнување на своите деловни вештини и знаења. Модулите може да се следат
поединечно, да се комбинираат по свои потреби или во пакети од понудените
тематски и know-how обуки.
мултимедијални презентации, наменски семинари и конференции
КОСМО Иновативен Центар организира мултимедијални презентации, наменски семинари и конференции, како дел од
сопствените едукативни и консалтинг-програми или во соработка и на барање од
претпријатија, комерцијални здруженија и бизнис-организации, владини установи и
стопански комори, со цел дистрибуција на бизнис-информации на коминтенти и
соработници за позитивен развој на меѓусебната доверба и деловна соработка.
КОСМО Иновативен Центар е овластен
претставник на Универзитетот Метрополитан и на кандидатите од Македонија им нуди
повеќе програми на основни студии, мастер студии и докторски студии.
RELAX-програмата е составена од
неколку делови, кои ќе Ви овозможат да научите како да се релаксирате, што е
многу важно за успешно животно балансирање и зголемување на самопочитта и
самодовербата.
Низ модулите на програмата ќе
научите техники на релаксација, внесувајќи го релаксирањето како дел од Вашето
секојдневие. Техниките на
релаксација ќе Ви овозможат повисока самоконтрола, позитивен приод кон
секојдневието, здравје и благосостојба, овозможувајќи Ви да ја
повратите страста и радоста во Вашиот живот. Модулите на програмата можат да се
следат поединечно по сопствен избор или во пакет. Модулите се на редовната
програма на отворени обуки, а во договор може да се реализираат и како in-house
обуки.
Модулите на тематските обуки,
know-how обуките и relax-програмата можат да се реализираат како интерни
обуки за групи претставници на исто претпријатие или организација, со
можност за прилагодување на програмата според потребите на клиентот.
Темите од know-how обуките можат да
се реализираат низ couching пред мали групи на извршниот менаџмент или
поединечно - со по еден претставник на менаџментот на компании или
организации на територијата на Македонија и земјите од регионот на Југоисточна
Европа.
За повеќето претпријатија и
организации од поширокиот регион, можноста за реализација на интерна обука ќе им
ги намали трошоците споредено со испраќање на поединци на отворени обуки
и семинари, но истовремено со интерната обука ќе добијат кориснички
прилагодена програма фокусирана за менаџерскиот тим, кој ќе се обучува во
една група и со тоа ефектно ќе се постигнат целите на обуката.
обуките во
life long learning-програмата
се спроведуваат согласно:
препораките на националната програма за развој на
образованието во македонија
(2005-2015) - нацрт-програма за развој на
средното и постсредното образование во република македонија
повеќе...
ЗАКОНОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ (.pdf)
повеќе...
За регистрирање на активностите на
студентите потребни за релизација на наставните програми и добиените знаења и
компетенции со соодветните курсеви во образованието дефинирано со
EUROPASS
Имплементирање наECTS (од
циклусот 2005/06 во LIFE Long
Learning програмата
на КОСМО Иновативен Центар)
Имплементирање на
ECVET (European Credit System for Vocational Education and Training) во LIFE
Long Learning во програмата на КОСМО
Иновативен Центар - циклус обуки
2009/2010