Успешноста и
стабилноста на компаниите не зависи од тоа колку е добар нивниот производ, туку
колку добро пакување има истиот и колку добро компанијата го продава. Главна
причина за неуспех на компаниите е нивното преголемо фокусирање на производот
наместо на пазарот. Таквите компании полесно трошат многу пари обезбедувањето
најдобри производи, а малку од нив ќе потрошат пари за вработување или најмување
специјалисти за продажба и маркетинг.
КОСМО
Иновативен Центар како организација за поддршка на бизнисот има важна улога во
поддршката на локалните претпријатија во извозот на европскиот и
интернационалните пазари и градењето соработка со потенцијалните странски
трговски партнери. Во промотивните печатени и мултимедијални материјали, саемски
презентации и промоции во странски земји КОСМО Иновативен Центар го афирмира
потеклото на македонските производи со знакот за препознатливост Beauty
Macedonia.повеќе...
Презентации
КОСМО Иновативен
Центар организира мултимедијални презентации на барање на претпријатија,
комерцијални здруженија и бизнис-организации, владини установи и стопански
комори, со цел дистрибуција на бизнис-информации на коминтенти и соработници за
позитивен развој на меѓусебната доверба и деловна соработка.
Идејата дека
добриот производ сам ќе се продаде е погрешна во денешниот комплексен пазар,
каде техниките на маркетингот и продажбата се многу поважни од тоа колку добро
производот ја врши својата функција.
Конкурентноста на претпријатието, стекната со креирање вредност за коминтентите,
нејзиното одржување - постојано и континуирано - и разбирањето на потребите на
коминтентите има потреба од маркетинг-експертиза.
Маркетинг-менаџментот
развива и реализира стратегии за промоција што ги поттикнува купувачите да ја
донесат својата одлука во процесот на купување. повеќе...