Со овие обуки кандидатите ги
надополнуваат своите квалификации и се подготвуваат за работа на типични работни
места во одделите за комерција, финансии, подготовка на проектни
апликации за донаторски или комерцијални фондови, раководење на проекти,
техничко одржување и проекти за енергетска ефикасност за
раководење во јавни установи и организации, како и за управување со мали
претпријатија.
Пакет обуките се реализираат во
време од три до четири месеци.
Заинтересираните можат да започнат
со следење на пакет обуките во текот насептември,
ноември, февруари и април, односно во текот на годината има
четири редовнизасебни циклуси за реализација
на обуките.
Идејата дека
добриот производ сам ќе се продаде е погрешна во денешниот
комплексен пазар, каде техниките на маркетингот и продажбата се
многу поважни од тоа колку добро производот ја врши својата
функција.
Обука за развојна
канцелариски вештини, вклучувајќи работа на компјутер, вербална и пишана
комуникација, организација на канцеларија, состаноци и презентации, односи со
јавност и менаџмент на време (time management).
Досега немало подобро време
за фокусирање кон малиот бизнис. Малите и средни претпријатија доминираат во
современото бизнис-опкружување. Оваа тематска обука се фокусира на алатките
потребни за водење мал бизнис кој треба да биде конкурентен на глобалниот пазар.
Најбарана
бизнис-вештина која преминува низ различни бизнис-области и професии:
IT, здравство, финансии, телеком, производство. Ќе ги
усовршите алатките за планирање, менаџмент-техниките и вештините на
меѓучовечките односи.
Планирањето, финансирањето и менаџирањето во
спроведувањето на омерцијални и донаторски
проекти, активности или акции претставуваат интегрална целина.Таа е составена од низа процеси, активности и акции.
Основна цел на
финансиската функција во малите и средните претпријатија е
навременото и под најповолни услови обезбедување фондови за
понатамошен развој на претпријатието
Oбуката за
менаџмент на енергетски ефикасни објекти е
наменета за справување со предизвикот за одржување ниски трошоци
додека цената на енергијата расте.
Енергетските заштеди се доволни разликата на цената
на енергетските трошоци да ја исплатува имплементираната услуга и опрема за
заштеда на енергијата преку кредит, лизинг или комбинации на финансиски
инструменти.
За регистрирање на активностите на
студентите потребни за релизација на наставните програми и добиените знаења и
компетенции со соодветните курсеви во образованието дефинирано со
EUROPASS
Имплементирање наECTS (од
циклусот 2005/06 во LIFE Long
Learning програмата
на КОСМО Иновативен Центар)
Имплементирање на
ECVET (European Credit System for Vocational Education and Training) во LIFE
Long Learning во програмата на КОСМО
Иновативен Центар - циклус обуки
2009/2010
Модулите на тематските обуки, know-how обуките
и relax-програмата можат да се реализираат како интерни обуки за групи
претставници на исто претпријатие или организација, со можност за прилагодување
на програмата според потребите на клиентот.
Темите од know-how обуките можат да
се реализираат низ couching пред мали групи на извршниот менаџмент или
поединечно - со по еден претставник на менаџментот на компании или
организации на територијата на Македонија и земјите од регионот на Југоисточна
Европа.
За повеќето претпријатија и
организации од поширокиот регион, можноста за реализација на интерна обука ќе им
ги намали трошоците споредено со испраќање на поединци на отворени обуки
и семинари, но истовремено со интерната обука ќе добијат кориснички
прилагодена програма фокусирана за менаџерскиот тим, кој ќе се обучува во
една група и со тоа ефектно ќе се постигнат целите на обуката.