|
ИНДИВИДУАЛЕН
ПРИСТАП
Пред доаѓањето на обуката секој пријавен учесник треба да пополни прашалник,
со што ќе ни помогнете
да ги согледаме индивидуалните познавања и состојба на процесите на шпедиција и
надворешно-трговско работење во претпријатието. Ова е значајна компонента на обуката која ќе
овозможи дискусија на конкретни прашања и решавање на конкретни проблеми за
време на обуката,
како и развој на
индивидуален
акционен
план за
секој учесник
во неа.
ЛИТЕРАТУРА
Сите учесници на
обуката ќе добијат печатена литература - прирачник "ШПЕДИЦИЈА
И НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ". Оние кои нема да можат да присуствуваат на обуката,
прирачникот може да го набават во КОСМО Иновативен Центар по цена од 980,00
денари.

(согласно новиот Царински
закон на РМ од 01.01.2006)
КОТИЗАЦИЈА:
3.490,00 денари по лице со плаќање однапред на сметка на КОСМО Иновативен Центар
бр. 210-0575582401-20, ДБ 4030003477844 во Тутунска Банка АД Скопје или во
готово во нашата канцеларија
за двајца
пријавени учесници - попуст од 10%
|
ПРОГРАМА
ЗА НЕФИНАНСИСКИ УСЛУГИ
Градење капацитет на претприемачи
ШПЕДИЦИЈА
И ТРГОВСКИ ДОГОВОРИ СО ЕУ
сабота,
4 октомври 2008 год.
10.30 - 16.30 часот
предавачи:
Зоран Силјановски и
Златко
Ветеровски
Семинарот ШПЕДИЦИЈА
И ТРГОВСКИ ДОГОВОРИ СО ЕУ ќе ви овозможи да
изградите своја стратегија во надворешно-трговското работење со странски правни
лица. Ќе се запознаете со новите и постојните законски регулативи кои ја
олеснуваат и гарантираат соработката со странски партнери и инвеститори
од земјите на Европската Унија.
Духот на
актуелниот царински закон ќе биде опфатен низ целиот семинар како и некои новини, а
ќе биде покажана и неговата директна имплементација во некои тематски целини.
Обуката ќе
се фокусира на следните теми:
1. Место, улога и значење на шпедицијата во
надворешно-трговското работење и основни работи на
меѓународната шпедиција
2. Значењето на пристапувањето на Република Македонија кон EU за
македонскиот извоз и договори за трговија со ЕУ
3. INCOTERMS 2000 и шпедитерски потврди
a) " E " паритети
- EXW
b) " F " паритети
- FCA, FAS, FOB
v)" C " паритети
- CFR, CIF, CPT, CIP
g) " D " паритети
- DAF, DES, DEQ, DDU, DDP
4. Постапка на царинење на стока (извозно царинење) и
царински постапки:
- пуштање на стока во слободен промет,
- транзит,
- царинско складирање,
- увоз за облагодорување,
- преработка под царинска контрола,
- привремен извоз,
- извоз за облагодорување,
- извоз
5. Извоз и увоз за облагодорување
Под облагодорување се подразбира:
- обработка на стока, вклучувајќи нејзина монтажа или составување или нејзино
вградување во друга стока,
- преработка на стоката,
- доработка на стоката,
- поправка на стока, вклучувајќи инејзино враќање во првобитна состојба
иоспособување
6. Непреференцијално потекло (според новиот царински закон) и
преференцијално потекло на стоките во царинската постапка, EUR 1 и изјава во
фактура, како резултат на многуте спогодби со разни држави
7. Царинска тарифа (според новиот царински закон) - увозно и извозно
царинење на стоки во Р. Македонија - пресметката на давачките со прилог ECD кон
содржината, повластен тарифен третман за одредена стока заради нејзина крајна
употреба и повластен тарифен третман во зависност од видот (природата) на
стоката
8. Закон за ДДВ - ДДВ при увозно царинење, извозно царинење и
ослободување од плаќање ДДВ
9. Царински долг и гаранција за покривање на царинскиот долг (според
новиот царински закон)
10. Ослободување од плаќање царина (според новиот царински закон)
11. Пример за увозно царинење стока со новите обрасци и шифри (според
новиот царински закон)
Наставата се одвива во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, кои
се oпремени
со современи аудио-визуелни технички средства за настава
flip-chart PC
Pentium IV за секој
кандидат, DSL интернет-конекција,
LCD-проектор
итн.
Ве молиме, потврдете го вашето учество со пополнување и испраќање назад на
приложената
пријава
по
факс
или
e-mail
пријава за семинар ШПЕДИЦИЈА И ТРГОВСКИ ДОГОВОРИ СО ЕУ (doc.)
пријава за обуката НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ (doc.)

Извозните
пазари се предизвик за македонските претпријатија, но за нивно освојување
потребни се комплексни познавања за извозната процедура.
повеќе... |
контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист
тел.
(02)2 448 077
факс
(02) 2 448 240

кредит-систем
ECTS
long life learning
распоред за септември - ноември 2008 (.pdf)
цени 2008/2009 (.pdf)
|