КОСМО Иновативен Центар има потреба од стручни соработници: консултанти и
обучувачи за реализација на програмските содржини на консалтинг-програмата
Total Quality Management , едукативната програма Life Long Learning
и за реализација на регионални проекти кои се дел од
International Know How Transfer
програмата
WIFI Institute Austria.
Потребни се кандидати кои ќе можат да реализираат периодични
обуки, тренинзи
или консалтинг-услуги од следните ОБЛАСТИ:
* проект менаџмент
*
сметководство и финансиско работење
* деловна комуникација и раководење со човечки ресурси
*
маркетинг-менаџмент
* енергетскa
ефикасност и енеенергетски аудит во градежништво
* заварување
Кандидатите
треба да ги исполнуват следните УСЛОВИ:
*
завршено високо образование
*
работно искуство минимум
3
години
* менаџерско работно искуство на кандидатот или дел
од работно искуство, работни обврски или волонтерски обврски како обучувач,
презентер, модератор или консултант,
ќе значат предност во квалификациската процедура
* кандидатите
можат да бидат предавачи/презентери кои работат во приватни претпријатија, јавни
претпријатија, општини, универзитети, тренери, консултанти или менаџери на
човечки ресурси во компании, со личен интерес за континуирана едукација.
* добро владеење на македонски јазик или албански, српски/хрватски, англиски
јазик
Се молат
заинтересираните кандидати да пополнат
Europass CV
(www.cosmoinnovate.com.mk/download/cvupatstvo.pdf)
и заедно со придружно писмо, во кои ќе се наведат тренинг областите за кои се
пријавуваат, да го испратат на е-маил
contact@cosmoinnovate.com.mk
или на нашата адреса: КОСМО Иновативен Центар, бул.Јане Сандански 113, 1000
Скопје.
Рок за
доставување на пријавите е 17.00 часот на 16 aприл
2010 година.
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на тестирање и интервју во
КОСМО Иновативен Центар. Кандидатите кои ќе ги исполнат потребните
критериуми ќе бидат поканети на специјализирана „Обука за обучувачи„
(се состои од 3 модули: обука
Нови техники на учење и поучување, обука за пријавената тренинг
област и обука за маркетинг и франшизинг системот на КОСМО).
Кандидатите со успешен завршен тест на обуката ќе добијат
Лиценца за тренер
и
Договор за тренер во франшизинг системот
на КОСМО Иновативен Центар, можност за добивање КОСМО Франшиза за
Регионален Центар и/или понатамошма специјализација и
интернационално сертифицирање во тренинг системот на
WIFI Institute Austria.
Забелешка:
Тренерските лиценци на КОСМО Иновативен Центар и
WIFI Institute Austria
периодично се обновуват. Цената на првичното лиценцирање зависи од
областа на работење на тренерот и започнува од 300 ЕУР за лиценците
на КОСМО, и 1.000 ЕУР за лиценците на
WIFI Institute Austria.
>>
СПОНЗОРСТВО ЗА МОТИВАЦИЈА >>
Програмата
СПОНЗОРСТВО ЗА МОТИВАЦИЈА е наменета за поддршка на кандидатите кои ги
завршиле обуките за Проект-менаџер,
Менаџер на
продажба,Претприемнички
менаџментили
Сметководство во
КОСМО Иновативен Центар и сакаат да ја комплетираат обуката со практична работа
- изработка на проект во реална деловна средина.
НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА
Кандидатите за време на двомесечната практична
работа треба да изработат
проектна апликација, маркетинг-план
или бизнис-план соодветно на обуката за
Проект-менаџер,
Менаџер на продажба
или
Претприемнички менаџмент,
а сметководителите,
за време на соодветната шестмесечна практика, треба да изработат рекапитулар за
плати, амортизација, тековни книжења и сметководствени евиденции за
претпријатието кое ги прифаќа. За време на практичната работа, кандидатите се
консултираат и помагаат од одговорно лице во КОСМО Иновативен Центар, а
практичната работа (проектот) ќе биде успешен само ако се одобри од одговорното
лице во претпријатието и од менторот во КОСМО Иновативен Центар.
ИЗБОР НА КАНДИДАТИ
КОСМО
Иновативен Центар на заинтересираните претпријатија бесплатно ќе им достави
информација - CV од потенцијалните практиканти и официјално барање за нивен
прием на практична работа. Изборот на практикантот претпријатието го прави
самостојно, а условите за реализирање на работата (евентуален надомест за
транспортни трошоци, плата и сл.) ќе ги договорат практикантот и претпријатието
меѓусебно.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА
За пријавување учество во програмата Спонзорство за мотивација е потребен
официјален допис од претпријатието до КОСМО Иновативен Центар, во кој се
наведува интересот за соработка и назначувањето на претходната обука која
кандидатот треба да ја има завршено.