• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

Тековните активности на промоција и рекламирање во едно современо претпријатие опфаќаат подготовка на промотивни флаери, брошури и проспекти во повеќе димензии, плакати за билборд, дизајн и редизајн на препознатливо лого и слоган, подготовка на CD-ROM презентација, подготовка на групни промоции и презентации на семинари, саеми и сл., маркетинг-консалтинг и подготовка на годишен маркетинг план.

 

КОСМО Иновативен Центар, во согласност со претходно направена маркетинг-анализа, ги реализира горенаведените активности - поединечно или по проектен договор.


 

web link рекламирање

КОСМО Иновативен Центар нуди можност за рекламирање со линкови кои тргнуваат од страните на нашата интернет-презентација:

линкови на долната линија

премиум-линкови

рекламни линкови

размена на банери

погледнете како би изгледале можните позиции...

линкови на долната линија

Поставете ја вашата маркетинг-порака директно на долната линија на home page. Оваа реклама може да вклучи 3 линии на соодветен текст кој го опишува вашиот производ/услуга. Бојата на текстот и позадината може да се менуваат, а рекламата може да содржи и лого на вашето претпријатие. Линкот се поставува на македонската и англиската верзија на home page, страната производи/products (македонска и англиска верзија) или страната производи/cosmo trade center (македонска и англиска верзија).

премиум-линкови

Овие реклами се прикажуваат на самиот врв од десната страна на home page. Овие реклами најчесто го содржат логото на претпријатието или текстуална порака. Прикажувањето на овие реклами го гради брендот на вашето претпријатие, бидејќи го задржува вниманието на потенцијалните коминтенти. Се прикажуваат само на home page (македонска и англиска верзија). Бројот на премиум-линкови е ограничен на три на двете верзии на home page.

рекламни линкови

Рекламните линкови се поставуваат на позиции на десниот раб од страната производи/products (македонска и англиска верзија) или страната производи/cosmo trade center (македонска и англиска верзија).

Вообичаено, рекламите го содржат логото на претпријатието или соодветен текст кој го опишува производот/услугата на претпријатието.

размена на банери

Се прикажуваат само на home page (македонска и англиска) верзија на позиција и со големина по меѓусебен договор на двете претпријатија.

 

english
 

издаваштво

издаваштво

e-business

e-business

COSMO trade centar

COSMO trade centar

 

промотивно-рекламни активности преку КОСМО...

За повеќе информации и ценовник за понудениот рекламен простор контактирајте на es@cosmoinnovate.com.mk

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.