|
  |
 |
 |
 |
 |
 |
|

E-business значи
водење бизнис по електронски пат, со помош на информации и интернет-технологија,
а прилагоден на различни вкусови, навики и стилови на работење. За едно
претпријатие претставувањето на e-mail-от е првиот чекор во e-business-от, но за
други претпријатија e-business значи оформено разбирање дека коминтентите ќе
можат да ги нарачаат производите во секое време и нарачката ќе се проследи
директно во администрацијата за набавка и испорака.
|
|
Развојот на
модерниот деловен свет потврдува дека имплементацијата на e-business-от секогаш
им нуди големи предности во работењето на претпријатијата.
КОСМО Иновативен Центар ќе ви помогне во донесувањето на одлуката за воведување
на
e-business-методите
и прифаќањето на
e-предизвикот
во форма на:
web
link
рекламирање
мултимедијални
бизнис-презентации
успешни
web-презентации
e-business
консалтинг
e-маркетинг
e-learning
(distance learning)
Секоја од
наведените области е наука сама за себе. КОСМО Иновативен Центар може да ви
помогне во секоја од овие области.
|
|
|
|
web link
рекламирање |
|
КОСМО Иновативен
Центар нуди можност за рекламирање со линкови кои тргнуваат од страните на
нашата интернет-презентација:
линкови на
долната линија
премиум-линкови
рекламни линкови
размена на
банери
повеќе... |
|
бизнис-презентации |
|
Бизнис-презентациите на производните и услужните можности на претпријатијата
пред одбрана група постоечки и потенцијални коминтенти е првиот и најважен чекор
на патот кон секоја успешна продажба.
КОСМО Иновативен
Центар организира презентации по барање
на претпријатија, комерцијални здруженија и бизнис-организации, владини установи
и стопански комори, со цел дистрибуција на бизнис-информации на коминтенти и
соработници за поттикнување на позитивниот развој на меѓусебната доверба и
деловната соработка. |
|
успешни
web-презентации |
|
Првиот чекор кон
e-маркетингот е да ги претворите вашите проспекти во web-презентација и да ги
поставите на интернет. Со интернет-презентација, 24 часа ќе можете да ги
претставувате вашите производи и услуги на коминтентите од целата планета.
Кога купувачот
има можност да ви испрати порака пополнувајќи online-формулар и да побара
дополнителни информации - тоа се вика реактивна интернет-презентација. Кога
купувачот може да преминува на повеќе страни од презентацијата и да забележи
повеќе производи и форми на набавка, тоа се вика интерактивна
интернет-презентација.
КОСМО Иновативен
Центар реализира интернет-презентации само со искусни дизајнери. Одличниот
дизајн комбиниран со добра e-маркетинг стратегија ќе придонесат кон успешноста
на вашата web-презентација. |
|
e-business
консалтинг |
|
Екипа на КОСМО
Иновативен Центар прави анализа на вашите бизнис-процеси и подготвува совети за
вашите e-business можности. Имплементацијата на овие совети подразбира:
подготовка на
проектно решение базирано на ICT (информатичка и комуникациска технологија) за
процесите на маркетингот, продажбата и системот на контрола на квалитетот
изработка и
реализација на ICT базирано техничко решение на процесите
воведување на
систем за квалитет
обука на
персоналот од претпријатието за функционална имплементација и одржување на
процесите |
|
e-маркетинг |
|
Со
имплементирањето на пазарно ориентираните ICT и e-commerce машини и
маркетинг-процесите, во компанијата се прибираат повратни податоци од пазарите
за понудените производи и услуги. Нашите консултанти, во соработка со одредениот
персонал, ги анализираат овие податоци и подготвуваат рапорти, за да се утврди
дали понудата на производот на целните пазари е оправдана и профитабилна.
Предложените
мерки на промоција и реклами се реализираат во согласност со резултатите од
направените анализи. Тековните активности за промоција и рекламирање опфаќаат
подготовка на промотивни флаери, брошури и проспекти во повеќе димензии, плакати
за билборд, дизајн и редизајн на препознатливо лого и слоган, подготовка на
CD-ROM презентација, подготовка на групни промоции и презентации на семинари,
саеми и сл., маркетинг-консалтинг и подготовка на годишен маркетинг план. |
|
|
|
 |
|
|
|
 |
издаваштво |
|
 |
промоција и рекламирање |
|
 |
COSMO trade centar |
|
|
 |
|
КАКО
ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ?
Како независен посредник со развиена интернационална мрежа, КОСМО
Иновативен Центар може да обезбеди консалтинг на тема
e-business и
интернет и може да ги поврзе потребите и понудата на
заинтересираните страни. |
 |
|
ОБУКА И ТРЕНИНГ
(E-learning и Distance Learning)
Интерна обука во претпријатието или во простории на КОСМО Иновативен
Центар според програмата на TQM-обуки, која опфаќа курсеви за
Деловна комуникација и етика, Маркетинг во мали и средни
претпријатија, Финансиско и сметководствено работење, Бизнис и
менаџмент, Канцелариски и маркетинг софтвер.
КОСМО Иновативен Центар располага со одлично опремена сала за
презентации со капацитет од 15 работни места. |
|