Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник ПРОЕКТ-МЕНАЏМЕНТ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

30 часа:

7.690,00 денари

(плаќање на 2 рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

30% или 45%

цени 2010/2011 (.pdf)

септември - октомври 2010

вторник 19.40 - 21.40

фонд на часови: 30 / ECVET кредити: 2

предавач: Оливер Белчовски, ISCED 5А сертифициран, согласно ISBE-препораките

сертификат: Project Management

ГРУПА

МАЈ

18 мај 2010

 

ГРУПА

СЕПТЕМВРИ

14 септември 2010

 

беплатен прирачник за учесниците на обуката
ПРОЕКТ-МЕНАЏМЕНТ

 

дополнителна литература што може да се нарача во КОСМО Иновативен Центар

COSMO 2008 Small Business Conference
PROCEEDINGS

Проект-менаџментот претставува збир на активности од почеток до крај на проектот и се однесува на менаџирање разновидни проекти за различни програми и разни видови организации. Проект-менаџерот има способности за планирање, пресметка на трошоци, менаџирање на ризик и управување со комплексни дисциплини, како што се избор на средства, менаџмент на набавки, менаџирање на човечки ресурси и комуникација.

Практичната компонента на курсот претставува идентификација на реален проект на кој ќе работите во текот на курсот. Фасилитаторот (предавачот) ќе ви даде поддршка во вашиот напредок низ проектот. Од вас ќе се побара да предложите проект и да го испорачате како прилог на завршниот тест, со што успешните кандидати ќе добијат сертификат за завршен курс за Проект-менаџмент.

Курсот е наменет за кандидати кои работат на мали или големи проекти и секој кој сака да ги зголеми своите способности во менаџирањето на проекти. Проект-менаџментот е глобално познат како "бизнис-вештина број 1".

 

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • управување на проектниот циклус

  • процес на планирање на проекти

  • анализа на состојбите

  • анализа на одржливост

  • акционен план на проектот

  • буџет на проектот

  • спроведување и раководење со проектот

  • менаџирање на ризик

  • евалуација и извештаи

Со завршување на курсот ќе можете да демонстрирате потполна компетентност за проект-менаџментот. Курсот ќе ве подготви да ги разберете принципите и практиката на проект-менаџментот. Ќе бидете способни за планирање и реализирање на секакви видови проекти.

Сертификатот, заедно со проектот на кој ќе работите, можете да ги искористите како ваше "портфолио" за напредок во кариерата.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Курсот започнува од 14 септември 2010 година

пријавување и информации:

пријава

 (02) 244 8077; 070/361-553 факс: (02) 244 8240
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за септември - октомври 2010 (.pdf)

цени 2010/2011 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.