НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на обуката за сите предмети (Проект-менаџмент, Проект апликативен софтвер, Деловна комуникација и човекови ресурси и Деловен англиски јазик) кандидатите добиваат сертификат за Project Manager.

 

УСЛОВ ЗА УПИС 

Завршено минимум средно образование или високо образование од сите профили и основни познавања на англиски јазик.

 

ЦЕНА

125 часа:

18.760,00 денари

(плаќање на
4 рати по
4.690,00 денари)

  • Почетнa
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

ГРУПА - февруари

8 февруари 2010

 

ГРУПА - мај

6 мај 2010

 

ГРУПА - септември

2 септември 2010

 

*бројот на членови на групи е ограничен

 

Project Manager

ПРОЕКТ-МЕНАЏЕР

Проект-менаџмент во денешно време е најбарана бизнис-вештина која преминува низ различни бизнис-области и професии како IT, здравство, финансии, телеком, производство итн. Списанието Fortune го нарекува проект-менаџерот Career Number 1 (кариера број 1).

Проектите се важни за успехот на секој вид организација. Проектите претставуваат активности од кои се добиваат нови или изменети производи, услуги, опкружување, процеси и организација. Проектите ја зголемуваат продажбата, го зголемуваат задоволството на коминтентите, ги намалуваат трошоците, ја подобруваат работната средина и резултираат со други придобивки.

Проект-менаџментот е дисциплина. Таа опфаќа принципи, концепти, алатки и техники со кои се подобруваат проектните перформанси и организациската ефективност. Проект-менаџментот овозможува додадена вредност и успешни проекти.

Програмата на оваа обука ќе ви помогне во надминување на лошите проектни резултати како што се неисполнувањето на задачите, прекумерното трошење финансии и задоцнувањата. Во текот на обуката, учесниците ќе работат на реален проект, а оние кои се во можност по завршување на обуката проектот ќе го реализираат во својата организација со менторство на нашите фасилитатори.

Со помош на оваа обука ќе ги усовршите алатките за планирање, менаџмент-техниките и вештините на меѓучовечките односи, кои понатаму ќе ви овозможат успешни проекти. Со научените специфични принципи ќе можете секогаш да ги завршувате проектите на време, согласно предвидениот буџет и спецификациите.

По завршување на обуката учесниците ќе бидат компетентни во следното:

  • дефинирање на проект
    анализа на заинтересираните страни, внатрешна анализа, анализа на проблем, поставување на цели и (под)цели, анализа на (под)цели, анализа на стратегија

  • проектно планирање
    употреба на Гантови дијаграми за распореди и следење на проектот, анализа на ризик за решавање на потенцијални проблеми, ресурси, извори и трошоци, анализа на одржливост, акционен план, буџет на проектот

  • имплементирање на проектот
    следење и мониторинг на проектот во секоја фаза, успешно водење на проектот, модифицирање согласно изменетите услови и барања, евалуација на резултатите, комплетирање и завршување на проектот

  • управување со човечки ресурси
    формирање и градење тимови, развој на комуникациски вештини, лидерство



В
о пакетот ПРОЕКТ-МЕНАЏЕР се вклучени следниве курсеви:

30 часа / 2 кредита - повеќе...

20 часа / 1,5 кредитi - повеќе...

45 часа / 3 кредити повеќе...



30 часа / 2 кредити повеќе...

На кандидатите за секој предмет од обуката им следува печатена литература:

Aпликативен софтвер


Проект-менаџмент

Деловна комуникација и раководење со човечки ресурси

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор.

Почетокот на предавањата е од 2 септември 2010 година

пријава

Обуката се реализира во четири месеци
- два/три пати неделно во попладневни термини меѓу 17.30-19.30 и 19.40-21.40 часот -
во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. +389 2 244 8077,8134 фах. +389 2 244 8240

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

 

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02) 2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за септември - октомври 2010 (.pdf)

цени 2010/2011 (.pdf)

други пакет-обуки на КОСМО

КОМЕРЦИЈА

Идејата дека добриот производ сам ќе се продаде е погрешна во денешниот комплексен пазар, каде техниките на маркетингот и продажбата се многу поважни од тоа колку добро производот ја врши својата функција.

повеќе...

Сертифицираната обука за меѓународен менаџмент е подготвена во соработка со WIFI Институтот од Австрија и претставува комбинација од курсеви за интернационален менаџмент, странски јазик и вештини на деловна интеркултурна комуникација.

повеќе...

Обуката за Деловен секретар помага во развојот на канцелариски вештини, вклучувајќи работа на компјутер, вербална и пишана комуникација, организација на канцеларија, состаноци и презентации, односи со јавност и менаџмент на време (time management).

повеќе...

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Проект-менаџмент во денешно време е најбарана бизнис-вештина која преминува низ различни бизнис-области и професии: IT, здравство, финансии, телеком, производство. Ќе ги усовршите алатките за планирање, менаџмент-техниките и вештините на меѓучовечките односи.

повеќе...

Cosmo business-пакет

Досега немало подобро време за фокусирање кон малиот бизнис. Малите и средни претпријатија доминираат во современото бизнис-опкружување. Овој пакет-обуки се фокусира на алатките потребни за водење мал бизнис кој треба да биде конкурентен на глобалниот пазар.

повеќе...

ФИНАНСИИ

Инвестицијата и менаџирањето во спроведувањето на инвестициските проекти, активности или акции претставуваат интегрална целина.Таа е составена од низа процеси, активности и акции.

повеќе...

Основна цел на финансиската функција во малите и средните претпријатија е навременото и под најповолни услови обезбедување фондови за понатамошен развој на претпријатието

повеќе...

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Cosmo business-пакет

Oбуката за eнергетски ефикасен менаџмент е наменета за справување со предизвикот за одржување ниски трошоци додека цената на енергијата расте.

повеќе...

Енергетските заштеди се доволни разликата на цената на енергетските трошоци да ја исплатува имплементираната услуга и опрема за заштеда на енергијата преку кредит, лизинг или комбинации на финансиски инструменти.

повеќе...

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.