• Почетнa
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт
 


ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП


Пред доаѓањето на обуката секој пријавен учесник треба да пополни прашалник за обуката „Вештини на презентирање и преговарање“, со што ќе ни помогнете да ги согледаме индивидуалните познавања и состојба на процесите на односи со јавност во претпријатието. Ова е значајна компонента на обуката која ќе овозможи дискусија на конкретни прашања и решавање на конкретни проблеми за време на обуката
, како и развој на индивидуален акционен план за секој учесник во неа.

 

ЛИТЕРАТУРА

Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература - прирачник за презентирање и преговарање. Оние кои нема да можат да присуствуваат на обуката, прирачникот може да го набават во КОСМО Иновативен Центар.

 

КОТИЗАЦИЈА:  
 

3.850,00 денари по лице со плаќање однапред на сметка на КОСМО Иновативен Центар
бр. 210-0575582401-20, ДБ 4030003477844 во Тутунска Банка АД Скопје или во готово во нашата канцеларија
 

ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници - попуст од 20%, односно вкупно 6.150,00 денари


ПРОГРАМА ЗА
МЕНАЏМЕНТ НА ПРОДАЖБА

Градење капацитет на претприемачи


ПРОДАЖНИ И ПРЕГОВАРАЧКИ ВЕШТИНИ

Значењето на деловното презентирање производи, услуги, проекти и идеи, како и презентирањето на сопствените способности пред работодавачот - се централни теми на овој семинар. Обуката е развиена со цел да се зголеми самодовербата на презентерите и да се научат релевантни техники за интерни и јавни презентации. Учесниците ќе добијат преглед на современите форми на презентирање и ќе им се претстават нови техники на реализирање презентации.

Сите ние како вработени, работодавачи или членови на семејството секојдневно преговараме за поголема плата, подобра услуга или решавање на несогласувања со колегите или членовите на семејството. На семинарот ќе се претстават техники и стратегии за водење тешки деловни разговори, но и успешно преговарање во конкурентно деловно опкружување.

Обуката ќе им помогне на учесниците да ги подобрат способностите за подготовка и реализација на формалните презентации и водењето преговори во современиот деловен свет.
 

1. Интерперсонално однесување
  
  
1.1. Вербална комуникација (фази на деловен разговор)
   1.2. Невербална комуникација (говор на телото)
   1.3. Наклонетост


2.
Потребите како двигатели на човековата активност (мотивација на купувачи) 


3
. Продавачи - професија која не се учи на факултет 


4.
Циклус на продажба

  • 6 чекори на продажба - 6 чекори на купување и нивна синхронизација

  • презентација - трет чекор во циклус на продажба

  • преговарање - претпоследен чекор на циклус на продажба

  • sales closing - склучување продажба (договор) - последен најтежок и најважен чекор на циклус на продажба

5. Презентација

  • фази на презентација (евокација, демонстрација, рефлексија)

  • зборување (избор на зборови, брзина на зборување, тон на глас, квалитет на глас, повторување и парафразирање)

  • избор на технички помагала за презентација, амбиент

6. Преговарање 

  • градење доверба и меѓучовечки однос

  • уметност на чисто комуницирање

  • зборување, слушање, прашување

  • фази на деловен разговор


Наставата се одвива во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, кои се oпремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава flip-chart PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција, LCD-проектор итн.

Ве молиме, потврдете го вашето учество со пополнување и испраќање назад на приложениот формулар по факс или e-mail

пријава за обуката ПРОДАЖНИ И ПРЕГОВАРАЧКИ ВЕШТИНИ (doc.)
 


контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.

(02) 2 448 077

факс
(02) 2 448 240

 

 

 

 

 

 

кредит-систем ECTS

кредит-систем ECVET

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за септември - октомври 2010 (.pdf)

цени 2010/2011 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.