![]() |
|
Литература Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник Продажни и комуникациски вештини
Метод на настава интерактивни техники на ангажирано поучување и учење
Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата
Цена 8 часа: 3.850,00 денари (плаќање на две рати)
МОЖНОСТ за авансни уплати за еден учесник - попуст од 10% за двајца пријавени учесници - попуст од 20%, за тројца и повеќе учесници - попуст од 30%
|
16 јуни 2012 година сабота: 10.00 - 16.00 часот
фонд на
часови:
8 / ECVET-кредити:
0,5 предавач: Катерина Вељановска |
ГРУПА - јуни 16 јуни 2012
ГРУПА - февруари 25 февруари 2012
ГРУПА - декември 24 декември 2011
ГРУПА - ноември 18 и 19 ноември 2011
Пријавување Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.
Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. |
|
сертификат: Продажни и комуниациски вештини |
||
|
Значењето на деловното презентирање производи, услуги, проекти и идеи, како и развивањето продажни односи и комуникација со клиенти и потрошувачи - се централни теми на овој семинар. Цели на семинарот Обуката е развиена со цел да се зголеми самодовербата на презентерите и продавачите и да се научат релевантни техники за интерни и јавни презентации, како и развивање комуникација и односи со клиенти и потрошувачи кои ќе доведат до продажба. |
||
|
Учесниците ќе добијат преглед на современите форми на презентирање и ќе им се претстават нови техники на реализирање презентации и јавни настапи. Преку интересни техники, лесни за примена и разбирање, учесниците ќе имаат можност да ги осознаат тајните на успешните говорници, каде не е пресуден талентот, туку успешното совладување на приложените техники и редовното вежбање. На семинарот ќе се претстават техники и стратегии за воспоставување продажен однос со потрошувачот/клиентот, влијание во процесот на донесувањето одлука за купување, водење тешки деловни разговори, но и успешна комуникација во конкурентно деловно опкружување. |
||
|
Семинарот ќе се фокусира на следните теми: 1. Интерперсонално однесување
2. Потребите како двигатели на човековата активност (мотивација на купувачи) 3. Односи со клиенти - потрошувачи - односи со јавност
4. Однесување на потрошувачите 4.1. Што е однесување со потрошувачот?
4.2. Неколку прашања на истражување на однесувањето со потрошувачите 4.3. Продирање подлабоко во разбирањето на потрошувачите
4.4. Нивоа на анализа на потрошувачите
4.5. Што е спознавање? 4.6. Поврзаност помеѓу емоционалниот и сознајниот систем
4.7. Знаење и заинтересираност на потрошувачот за Вашиот производ
4.8. Ставови и намери 4.9. Влијание врз однесувањата на потрошувачите
5. Ефикасно зборување - клуч за деловен успех
|
||
|
|
Обуката ќе им помогне на учесниците да ги подобрат способностите за подготовка и реализација на продажен разговор, воспоставување продажна комуникација и односи со потрошувачите и јавноста, презентирање и водење преговори во современиот деловен свет. Со осознавање на вештините на односи со потрошувачите, клиентите, остваруваме позитивен контакт со нашата целна група и долгорочно го креираме посакуваниот деловен успех. |
|
|
Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор
|
Семинарот ПРОДАЖНИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ќе се реализира на 16 јуни 2012 година ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240 e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk |
контакт-лице
Закон за образование на возрасните (.pdf)
распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf) распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)
|
|
почетна услуги обуки производи референци работа за нас контакт |
|
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани. |