• Почетнa
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт
 


ЛИТЕРАТУРА

На кандидатите им  следува бесплатна печатена литература

 

ШТО ПОНАТАМУ

Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката НОВИ ТЕХНИКИ НА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ ќе се квалификуваат за обучувачи во франшизинг-системот на  КОСМО Иновативен Центар и ќе бидат во можност да потпишат франшизинг договор за работа во името на КОСМО Иновативен Центар на територијата на Република Македонија.

 

КОТИЗАЦИЈА:  
        

7.700,00 денари по лице со плаќање однапред на сметка на КОСМО Иновативен Центар
бр. 210-0575582401-20, ДБ 4030003477844 во Тутунска Банка АД Скопје или во готово во нашата канцеларија

 

ПОПУСТ  

за двајца пријавени учесници - попуст од 20%, односно вкупно 12.300,00 денари


ПРОГРАМА ЗА
НАПРЕДНИ БИЗНИС-ТЕХНИКИ

Градење капацитет на претприемачи

 

ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ

30 мај и 6 јуни 2010 година

недела: 10.00 - 16.00 часот

предавач:  Тони Анев

НОВИ ТЕХНИКИ НА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ

Во изминатите години, се развива нова претстава за едукацијата и консалтингот. Консултантот е се повеќе инволвиран во процесите на менаџмент низ советување и поучување. Ова важи и за консултанти и обучувачи кои се инженери, медицински лица, професори итн. Постојат голем број на примери кога добро испланирани проекти или компоненти на проекти каде е потребна обука завршуваат неуспешно поради тоа што консултантите не биле подготвени на контрадикторните влијанија на учесниците на обуката,не ги поттикнале нивните скриени потреби и интереси и активно учество во обуката.
Учесниците на обуки подобро го разбираат материјалот што го слушаат и учат доколку активно учествуваат во неговата реализација.

Од оваа констатација произлегуваат ОПШТИТЕ ЦЕЛИ на обуката: запознавање со интерактивни техники на ангажирано поучување и учење, и разни форми на интеракција меѓу слушателите и предавачите, да се добијат идеи, да се разгледа нивната примена и истите да подлежат на постојано преиспитување, да се измерат во однос на спротивставените мислења, да се заземе став.


СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ
на обуката:

  • да се промени доминантната улога на предавачот,

  • да се поттикнува отворена и одговорна интеракција,

  • развивање на социјални вештини,

  • да се избегне пасивниот однос на слушателот,

  • да се настојува на поврзаност на материјалот со искуството (практиката),

  • поттикнување на разни форми и нивоа на размислување,

  • критички да се разгледуваат содржините, да се оценуваат алтернативните мислења и да се донесуваат обмислени и аргументирани одлуки.

Вашите слушатели и клиенти знаат дека техничката и стручната експертиза не е доволна. Тие бараат од Вас да иницирате процес на промени. Поради тоа е потребно да ја употребите сета ваша креативност и нови техники за поучување и учење.


Програма за дводневната практична обука:

1.
 Интерперсонално однесување и системи на социјална интеракција
- вербална комуникација
- невербална комуникација
2.
Основи на психологија на личноста
- темперамент, карактер, способности, интересирања
- типологии на личноста
3.
Психички процеси и состојби (перцепција, учење, помнење и заборавање, мислење, внимание, мотивација)
4
. Функција на мотивацијата во наставната работа
5.
Психолошка основа на современата настава
- стилови на учење
- учење - поучување
6
. Фази во поучувањето и учењето (артикулација на часот)
7.
Блум - Сандерсова таксономија - Поттикнување на разни форми и нивоа на размислување
8.
Наставни техники (демонстрација, вежби, дискусија)

Наставата се одвива во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, кои се oпремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава flip-chart PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција, LCD-проектор итн.


пријава за обуката НОВИ ТЕХНИКИ НА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ (doc.)

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

кредит-систем ECTS

кредит-систем ECVET

Закон за образование на возрасните (.pdf)

распоред за септември - октомври 2010 (.pdf)

цени 2010/2011 (.pdf)

 

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.