![]() |
|
НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА Пакетот НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ е фокусиран на успешните мали и средни претпријатија кои доминираат во современото бизнис-опкружување. На обуката може да се пријават претпријатија, поединци или невработени. Со завршување на сите семинари од пакетот кандидатите добиваат меѓународно признат сертификат НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ.
ПЛАЌАЊЕ ВКУПНО 24.960 ден. плаќање на 4 рати по 6.240 ден.
за двајца и повеќе пријавени учесници - попуст од 10% |
|
I ГРУПА 31 март 2007 до 16 јуни 2007
II ГРУПА 30 мај 2008 до 13 септември 2008 *бројот на членови на групи е ограничен
|
|||
|
Twinning проект со WIFI Austria Македонските учесници во надворешно-трговското работење секојдневно имаат можност да се сретнат со многу причини кои ги зголемуваат трошоците на набавка или предизвикуваат доцнење на прием на увозната роба. Секако постојат начини ова да се избегне, особено доколку кај увозниците се зголеми познавањето на царинските правила и процедури, а особено должностите на увозниците и ослободувањата кои им се овозможени.
Извозните пазари се
голем предизвик за македонските претпријатија, но за нивно
освојување потребни се комплексни познавања за целата извозна
процедура. |
|||||
|
Во семинарите (модулите) се вклучени: извозно-увозна документација, царински регулативи, менаџмент на ризик, EU-норми, транспорт и логистика, стандарди и контрола на квалитетот, принципи на меѓународнaта трговија и партнерство. |
|||||
|
Обуката НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ е составена од четири семинари (модули):
Надворешна трговија (увоз / извоз)
Менаџмент на квалитет
ЕУ-норми (стандарди)
Шпедиција и трговски договори со EU
Пакет-обуката ќе се реализира со австриски предавачи на WIFI Austria (со симултан превод на македонски јазик) со кои кои ќе се реализираат три модули на обуката и еден модул ќе се реализира со предавачи на COSMO - Шпедиција, транспорт и логистика. Со завршување на сите модули од обуката слушателите ќе добијат меѓународно признат сертификат издаден од WIFI Austria. Сертификатот и обуката на претставниците на претпријатијата ќе им овозможи компетентна предност при настап и преговори со странски партнери за увоз / извоз на производи и услуги, а на поединци ќе им послужи како меѓународен доказ за компетентност во надворешно-трговското работење при конкурирање за соодветно работно место во трговски и производни претпријатија во Македонија или земјите на Европската Унија.
Сите слушатели кои успешно ќе ги
положат завршните тестови на сите модули на обуката се поканети на
бесплатна работна посета на Австрија, која ќе се реализира
кон крајот
на октомври 2008 год.
Целта на обуката е:
Бесплатна
посета на Австрија |
|||||
|
На кандидатите за секој
семинар од обуката им следува |
|||||
![]() |
![]() ШПЕДИЦИЈА И НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ |
ЕУ-НОРМИ (СТАНДАРДИ) |
![]() |
||
|
Заинтересираните учесници за претстојната обука и работната посета на Австрија можат да го преземат формуларот за пријавување на следниот линк (.doc). |
|||||
|
Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор. |
Почетокот на предавањата е од 30 мај 2008 год.
Обуката се реализира во
четири
месеци
ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија тел. +389 2 244 8077,8134 фах. +389 2 244 8240 e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk
|
контакт-лице
распоред за април - јуни 2008 (.pdf)
|
|
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани. |