|
|
|
|
|||||||||
|
|
Современите токсиколошки и хемиски истражувања покажуваат дека отпадните масла се најопасни загадувачи на животната средина. На земјата и во неа, поради слабата биолошка разградливост, отпадните масла долго се задржуваат, уништувајќи ја микрофлората и правејќи ја почвата неплодна. Носители на токсичноста и потенцијалната канцерогеност кај отпадните масла се нивните контаминанти, што во нив се јавуваат поради деградација на компонентите при употреба. Основни носители на канцерогените потенцијални во маслата се полицикличните аромати. Но, неодамна се откриени полихлордифеноли и полихлортрифенил во отпадните масла. Тоа се токсични и канцерогени супстанци, кои се акумулираат во организмот на човекот, споро биолошки се разградуваат и го уништуваат имунолошкиот систем. Отпадните масла, како носители на токсични и канцерогени материи, мора да бидат соодветно третирани и отстранети на адекватни начини, со кои се спречува загадувањето на животната околина. Во принцип, постојат два начина: - повторно користење (рерафинација, пречистување) и - ефикасно складирање и спалување.
Содржина на прирачникот:
Авторски права © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права се задржани. Репродукција на приложениот материјал во целост или на делови во било која форма или во медиуми без писмено одобрение на КОСМО Иновативен Центар е забрането.
Copyright © 2003
COSMO Innovate Center. All rights reserved. Reproduction in whole or in part in
any form or medium without the express written permission of COSMO Innovate
Centar is prohibited. |
||||||||||
|
|||||||||||