• ??????a
  • ??????
  • ?????
  • ?????????
  • ?????????
  • ?? ???
  • ???????

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник КОНФЛИКТ-МЕНАЏМЕНТ И МЕДИЈАЦИЈА

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Цена

16 часа:
4.450,00 денари
(плаќање на две рати)
МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ
за авансни уплати за еден учесник
- попуст од 10%

за двајца пријавени учесници
- попуст од 20%

а тројца и повеќе учесници
- попуст од 30%
 

цени 2011/2012 (.pdf)

 

 

9 февруари - 12 март 2012 година

четврток: 17.30 - 21.30 часот

и понеделник: 20.00 - 22.00 часот (x 4 термини)

Приклучете се.

КОСМО РЕЛАКСИРАНО на

facebook.com


Со следење на семинарот КОНФЛИКТ-МЕНАЏМЕНТ добивате ексклузивна цена за 10 третмани во солена соба за 1.300,00 денари


ГРУПА - февруари

9 февруари - 12 март 2012

 

ГРУПА - јануари

23 јануари
- 27 февруари 2012

 

ГРУПА - септември

26 септември
- 7 ноември 2011

 

*бројот на членови на групи е ограничен

 

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

фонд на часови: 15 / ECVET-кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавачи:

Александра Арсовска - Белчовска

Анета Мајсторова - Ивановска

(CV, тренери)

сертификат: Конфликт-менаџмент


Конфликтот е присутен во секоја организација и, доколку луѓето ги решаваат конфликтите успешно, тоа резултира во ефективно работење. Но, доколку конфликтите не се решаваат, работните релации еродираат, што резултира со негативна атмосфера, намалена мотивација и продуктивност на вработените.

Повеќето луѓе немаат став за начинот на кој ќе пристапат кон конфликтот. Кога конфликтот ќе се случи, не одговараме соодветно, туку реагираме со тоа што почнуваме да се однесуваме во еден од основните три конфликтни стилови:

  • пасивен конфликтен стил

  • агресивен конфликтен стил

  • пасивно-агресивен конфликтен стил

Ефективен Конфликт-менаџмент може да се постигне кога поединецот ќе сфати и ќе „види“ дека неговиот конфликтен стил е самодеструктивен. Семинарот ќе им помогне на учесниците да се видат себеси во конфликтот и да спречат несвесна реакција на самодеструктивност, односно правилно да одговорат на конфликтот.


Цели на семинарот

Целта на семинарот Конфликт-менаџмент е учесниците да го детектираат конфликтот и конфликтните стилови на реагирање, да го спречат самодеструктивното однесување и правилно да одговорат на конфликтот.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • разбирање на луѓето и нивната природа

  • вредноста на релациите и улогата на „здравиот“ конфликт

  • разлика помеѓу конфликт, недоговарање и конфронтација

  • комуницирање со „непријатни“ луѓе

  • фрустрации и конфликти

  • непродуктивно однесување

  • причини за конфликти меѓу вработените

  • управување и разрешување на конфликти во организацијата

  • кога да се инволвирате: медијација и интервенција од трета страна

  • претворање на конфликтот во соработка

Учесниците на семинарот, низ проценка на однесувањето, интерактивни дискусии, симулации и тренинг, ќе го сменат начинот на гледање и менаџирање со конфликтот:

- ќе ја откријат скриената огорченост во себе
- ќе го откријат самодеструктивното однесување
- ќе научат да се наметнат во ефективно решавање на конфликтот
- ќе ги решаваат малите конфликти пред да преминат во големи кризи
- ќе ја прекинат навиката на обвинување, дефанзивност и рационализација
- ќе можат да ги поправат „оштетените“ релации
- ќе научат успешно да преговараат за тешки проблеми со „тешки“ луѓе

Сето тоа понатаму ќе резултира во подобрена тимска работа во организацијата каде работат.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Обуката КОНФЛИКТ-МЕНАЏМЕНТ

ќе започне на

9 февруари 2012 година

 

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02) 2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf)

распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)

 

цени 2011/2012 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.