КОСМО Иновативен Центар организира
мултимедијални презентации, наменски семинари и конференции, како дел од
сопствените едукативни и консалтинг-програми или во соработка и на барање од
претпријатија, комерцијални здруженија и бизнис-организации, владини установи и
стопански комори, со цел дистрибуција на бизнис-информации на коминтенти и
соработници за позитивен развој на меѓусебната доверба и деловна соработка.
КОСМО 2007
Конференцијата за мал бизнис
го третира зајакнувањето на партнерството со локалната
бизнис-заедница и институционалниот капацитет на администрацијата во локалната
самоуправа како
предуслов за подготовка на општинските стратешки развојни планови и
релевантни проектни апликации прифатливи за финансирање од програмите на
претпристапните и структурни фондови на Европската Заедница.
КОСМО 2008
Конференцијата за енергетска ефикасност ги разгледува економските,
техничките, политичките, правните и институционалните прашања поврзани со
енергетската ефикасност, со посебен акцент и препораки за начините на кои
јавните установи, домаќинствата и бизнис-секторот
ќе ги намалат енергетските трошоци, а во исто време ќе ја заштитат климата и
животната средина.
КОСМО 2008
Конференцијата за мал бизнис има визија да поддржи размена на информации и
остварување комуникација меѓу заинтересираните страни што ќе придонесе во
остварување партнерства меѓу партнери од земјите на ЕУ и Македонија, со цел
проширување на бизнис-мрежите и одржлив економски развој. Конференцијата ќе се
фокусира во основање на бизнис-мрежи и креирање на нови бизнис-модели, иновации
и финансиски можности за членовите на мрежите од земјите на ЕУ и
земјите-кандидати.
КОСМО 2010
Конференцијаза енергетска
ефикасност - За профитабилен и
одржлив развој на градежништвото, при градбата е потребна интеграција на
еколошки (зелени) материјали, имплементација на енергетски ефикасна и обновлива
енергија во системи за греење и ладење, природно осветлување, природна
вентилација, прецизни мерни уреди, контролни системи и други иновации.Енергетски ефикасната градба придонесува за намалување на
енергетската потрошувачка и загадувањето и за зголемување на квалитетот на
живеењето.
Модулите на тематските обуки,
know-how обуките и relax-програмата можат да се реализираат како интерни
обуки за групи претставници на исто претпријатие или организација, со
можност за прилагодување на програмата според потребите на клиентот.
Темите од know-how обуките можат да
се реализираат низ couching пред мали групи на извршниот менаџмент или
поединечно - со по еден претставник на менаџментот на компании или
организации на територијата на Македонија и земјите од регионот на Југоисточна
Европа.
За повеќето претпријатија и
организации од поширокиот регион, можноста за реализација на интерна обука ќе им
ги намали трошоците споредено со испраќање на поединци на отворени обуки
и семинари, но истовремено со интерната обука ќе добијат кориснички
прилагодена програма фокусирана за менаџерскиот тим, кој ќе се обучува во
една група и со тоа ефектно ќе се постигнат целите на обуката.
За регистрирање на активностите на
студентите потребни за релизација на наставните програми и добиените знаења и
компетенции со соодветните курсеви во образованието дефинирано со
EUROPASS
Имплементирање наECTS (од
циклусот 2005/06 во LIFE Long
Learning програмата
на КОСМО Иновативен Центар)
Имплементирање на
ECVET (European Credit System for Vocational Education and Training) во LIFE
Long Learning во програмата на КОСМО
Иновативен Центар - циклус обуки
2009/2010