Обуките се наменети за личен
напредок на кандидатите и деловен развој на компаниите и организациите во
управување со човечките ресурси, стратешки менаџмент, лидерство и
бизнис-менаџмент, управување со промени, кризи и континуитет во работењето,
унапредување на продажбата, домашната и меѓународната трговија.
Пакет семинарите
се реализираат во време од два до три месеци.
Заинтересираните можат да започнат
со следење на пакет семинарите секој месец од септември до
јуни и да се вклучат во редовната програма.
Континуираното следење и контрола на продажниот процес е еден од методите преку
кој менаџирањето на продажбата може да одговори на константниот притисок на
променливиот пазар.
Во
денешното деловно опкружување претпријатијата се под голем притисок да остварат
профит во кратко време, најчесто со намалување на трошоците, зголемување на
продажбата, но истовремено да остварат и долгорочно зголемување на вредноста и
брендот на претпријатието.
Доколку приходите од продажбата се намалуваат, односно растот на продажбата е
помал од 20% во однос на претходната година, проблемот ќе се надмине со примена
на техники за стимулирање на продажбата.
Менаџментот на континуитет и одржливост треба да обезбеди да продолжат бизнис-процесите во услови на економска или социјална криза, природна непогода
или други ситуации кои можат да го загрозат континуитетот на работењето.
Менаџмент-информациските системи претставуваат поддршка на процедурите за
интерна контрола во бизнисот и организациите, која се спроведува врз луѓето,
документите и технологиите со цел решавање на проблемите во работењето.
Локалните бизниси, локалното население и локалните менаџери за животна средина и
културно наследство треба да се доведат на заедничка маса, со цел менаџирање и
развој на одржливиот туризам, кој ќе донесе бенефит на сите во локалната
заедница.
За
напредок и усовршување на одговорните лица за управување и развој на човечките
ресурси, од голема важност е размената на искуства со колегите. На оваа обука
учесниците ќе имаат можност за размена на искуства и двострано учење од
колегите.
Обуката за лидерски вештини на учесниците ќе им овозможи увид во
практични методи за развој на нивните лидерски способности и нивна практична
примена за зголемување на моралот и продуктивноста на нивното деловно и пошироко
опкружување.
Модулите на тематските обуки,
know-how обуките и relax-програмата можат да се реализираат како интерни
обуки за групи претставници на исто претпријатие или организација, со
можност за прилагодување на програмата според потребите на клиентот.
Темите од know-how обуките можат да
се реализираат низ couching пред мали групи на извршниот менаџмент или
поединечно - со по еден претставник на менаџментот на компании или
организации на територијата на Македонија и земјите од регионот на Југоисточна
Европа.
За повеќето претпријатија и
организации од поширокиот регион, можноста за реализација на интерна обука ќе им
ги намали трошоците споредено со испраќање на поединци на отворени обуки
и семинари, но истовремено со интерната обука ќе добијат кориснички
прилагодена програма фокусирана за менаџерскиот тим, кој ќе се обучува во
една група и со тоа ефектно ќе се постигнат целите на обуката.
За регистрирање на активностите на
студентите потребни за релизација на наставните програми и добиените знаења и
компетенции со соодветните курсеви во образованието дефинирано со
EUROPASS
Имплементирање наECTS (од
циклусот 2005/06 во LIFE Long
Learning програмата
на КОСМО Иновативен Центар)
Имплементирање на
ECVET (European Credit System for Vocational Education and Training) во LIFE
Long Learning во програмата на КОСМО
Иновативен Центар - циклус обуки
2009/2010