ПЛАЌАЊЕ

110 часа:

63.650,00 денари

(плаќање
на 3 рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца пријавени учесници
- попуст од 30%

 

 

ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар (бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје)
 

 

  • Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

(брошура)

 

I ГРУПА

март-јуни 2007

 

II ГРУПА

мај-октомври 2008

 

III ГРУПА

март-јуни 2009

 

IV ГРУПА

октомври-декември
2009

 

V ГРУПА

октомври-декември
2010

 

VI ГРУПА

мај-јули 2011

 

VII ГРУПА

НОВА ГРУПА

25 октомври 2012

до

16 декември 2012

 

Поддржано од:

 

*бројот на членови на групи е ограничен

 

 

 

ПРОЕКТ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ ИНВЕСТИТОР И ИНВЕСТИЦИИ
МАКЕДОНИЈА-АВСТРИЈА 2012

пријава

Индустриската практика говори дека без инвестиции во малите и средните претпријатија не може да се создадат услови за нивен траен и одржлив развој. Последиците на последната финансиска криза во САД несомнено се совладани со стимулирање и развој на малите и средните претпријатија, а се покажа и дека тековната должничка и економска криза во Европа не може да се совлада со штедење - напротив, претстои период на стимулирање на економскиот раст преку инвестиции.

Македонија е веќе влезена во нова фаза на својот економски развој и како никогаш порано ни се потребни знаења и вештини за претставување на инвестициските идеи и проекти пред инвеститорите. Но, процедурата за добивање на инвестицијата е комплексна и потребни се подготовки и знаење за добрата презентација да се претвори во конкретен договор со инвеститорот.

По неколкугодишното заедничко искуство на WIFI International Austria и КОСМО Иновативен Центар во реализација на експертска едукација и презентирање на македонски претпријатија пред потенцијални трговски партнери од Австрија, Ве повикуваме да учествувате на единствената програма за презентација на македонските инвестициски идеи, можности и проекти пред австриските инвеститори.


WIFI - Institute for economic promotion of the Austrian Federal Economic Chamber

повеќе за WIFI Institute

WIFI 2010 video 1      WIFI 2010 video 2     WIFI 2010 video 3  

Бизнис-соработка поддржана од Wirtschaftsförderungsinstitut Österreich (Федерална Стопанска Комора на Австрија)

Повеќе од 500 австриски компании во моментов имаат бизнис-интерес за Македонија. Најголем број се заинтересирани за секторите градежништво, технологии за заштита на животната средина, прехранбени производи, ICT технологии, производство на машински делови, метали и обработка на метали, производи за широка потрошувачка. Австрија претставува пазар од околу осум милиони потрошувачи отворен за компетитивни производи и услуги. Најголемиот провајдер на информации (контакт-податоци на компании и маркетинг-студии) е Федералната Стопанска Комора на Австрија, во која задолжително се членки сите правни субјекти на Австрија. Федералната Стопанска Комора на Австрија, во рамките на Investment Project: Macedonia-Austria 2012, организира серија директни состаноци во австриски компании заинтересирани за воспоставување соработка, инвестиции и партнерство со македонските компании.
 

Целна група

Проектот е наменет за приватни претпријатија, организации, јавни институции и локалната самоуправа (општините) со планови за развој за кои се потребни инвестиции, односно за нивни претставници со повеќегодишно работно искуство и познавања на развојните планови на своите организации.

Сектори во кои е идентификуван најголем потенцијал за инвестиции во Македонија се:

- автомобилски делови
- информатичка и комуникациска технологија
- здравствени производи (лекови и медицински помагала)
- земјоделството и прехранбената индустрија
- машинска индустрија
- облека, текстил и кожа
- туризам
- метали и метални производи
- хемикалии
- енергија

- минерални ресурси
- тутун и цигари
- градежништво и недвижен имот



Структура на програмата

1 дел
СЕМИНАРИ на WIFI International Austria

Семинарите ќе ги реализираат менаџери на австриски консултантски компании - експерти за проблематиката на инвестициски менаџмент. Австриските експерти кои доаѓаат во Македонија се запознаваат со македонските компании - учесници во проектот и им пренесуваат искуства и KNOW-HOW за нивна подготовка за настап на инвестициските пазари, самостојно или во партнерство со заинтересирани австриски компании.
Во Скопје ќе се реализираат три тридневни семинари (со симултан превод на македонски јазик), во октомври, ноември и декември 2012 година:

- Стратешко планирање на организациите
Dr. Viktor Dedic (25-27 октомври 2012)

- Инвестициски и финансиски менаџмент
Mag. Christian Husak (15-17 ноември 2012)

- Менаџмент на ризик
Mag.Margit Wendelberger (13-16 декември 2012)

Со следење на минимум 75% од наставата и успешно полагање на завршните тестови на трите семинари, слушателите ќе добијат меѓународно признат сертификат издаден од WIFI International Austria.

2 дел
ПРАКТИЧЕН ДЕЛ - РАБОТНА ПОСЕТА НА АВСТРИЈА

Сите слушатели кои успешно ќе ги положат завршните тестови на семинаритесе поканети на бесплатна работна посета на Австрија (25 февруари - 1 март 2013 година).

Работната посета претставува практичен дел на проектот (5 дена, 35 часа), каде домаќинот (Федералната Стопанска Комора на Австрија), австриската Агенција за странски инвестиции и WIFI International Austria ќе организираат:

- 1 и 2 ден – презентации на инвестициски можности, процедури, фондови и инструменти за поддршка

- 2 и 3 ден директен контакт и посета на австриски компании договорени за слушателите на обуката

- 4 ден - бизнис-форум и B2B-контакти со заинтересирани австриски компании за соработка со македонски компании во увозно-извозни активности, трансфер на технологии и знаење, заеднички инвестиции поддржани од австриски развојни фондови итн.

ТРОШОЦИ И КОТИЗАЦИЈА

Цената по слушател изнесува 3.500 ЕУР, а 75% од вкупните трошоци на проектот гипокрива домаќинот (Федералната Стопанска Комора на Австрија) и WIFI International Austria. Престојот и комплетната организација и реализација на активностите во Австрија (5 дена, 35 наставни часа) за слушателите на обуката е бесплатен: трошоците за хотелско сместување во двокреветни соби, два оброци на ден, трансфер од и до аеродром, локален транспорт, симултан преведувач за време на сите контакти, состаноци и посети, бизнис-форум, прием во Федералната Стопанска Комора на Австрија и свечена вечера со доделување на завршниот сертификат. Слушателите самостојно ги покриваат трошоците за семинарите во Скопје (75 наставни часа) во вкупна вредност од 1.035,00 ЕУР.

WIFI Austria и КОСМО нема да ги платат трошоците за транспортот меѓу Македонија до Австрија и трошоците за патничко осигурување.

Попуст од 30% е обезбеден за:

- членови на Стопанската Комора за Мал Бизнис со уплатена членарина за 2012 година

- претставници на спонзори на проектот


Заинтересираните учесници за претстојниот проект можат да го преземат
формуларот за пријавување на следниот линк
(.doc).

пријава


галерија
Vienna - Austria

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор.

пријава

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Пријавувањето може да се изврши со пополнување на пријава. За учество во проектот може да се пријават најмногу тројца претставници од една организација.
Вкупниот број на учесници во проектот е ограничен на 20 кандидати.

По аплицирањето, изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во проектот
го врши WIFI International Austria.


ПОЧЕТОК НА ПРЕДАВАЊАТА

од 25 октомври 2012 година

Обуката се реализира во три месеци - еднаш месечно по три дена
во попладневни термини од 17.00 до 21.30 часот,
во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување


ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. (02) 244 8077,
075 438 576, фах. (02) 244

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.