Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ И АНАЛИЗА

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување, а услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

20 часа:

6.980,00 денари

(плаќање на 2 рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

30% или 45%

цени 2010/2011 (.pdf)

септември - октомври 2010

сабота 18.00 - 21.00 часот

фонд на часови: 20 / ECVET-кредити: 1,5

предавач: Veysel Saraç  
ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Финансиско планирање и анализа

ГРУПА  - февруари

6 февруари 2010

 

ГРУПА  - мај

29 мај 2010

 

ГРУПА  - септември

4 септември 2010

 

бесплатен прирачник за учесниците на обуката

ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ И АНАЛИЗА

Многу сопственици и менаџери на мали и средни претпријатија се обидуваат со скромен капитал и ограничени средства да го зголемат обемот на својот бизнис.

Успехот во овој поглед во голема мерка зависи од познавањето на финансискиот менаџмент и искуствата на сопственикот.

Претставниците на финансискиот  менаџмент треба да знаат:

  • како да читаат финансиски извештаи

  • како да користат методи за проекција на продажбата и планирање на порастот на бизнисот

  • како да се дискутираат и презентираат финансиските податоци со правилна терминологија

  • како да се размислува финансиски и како да се претворат разните мерки и активности во финансиски величини

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • финансирање во мали и средни претпријатија

  • финансиско планирање

  • буџетски системи и подготовка на буџети - буџетирање на резултатите, пресметка на текот на капиталот и планиран биланс

  • извештај за работен капитал

  • управување на краткорочна ликвидност

  • анализа на трошоци и подготовка на финансиски извештаи

  • финансиска анализа

Основна цел на финансиската функција во малите и средните претпријатија е навременото и под најповолни услови обезбедување фондови за понатамошен развој на претпријатието. Целата оваа функција подразбира добра финансиска анализа на претпријатието. Секако, не можеме да очекуваме сопствениците и менаџерите на малите претпријатија да бидат експерти во ова поле. Сепак, потребно е да имаат основни познавања за финансискиот менаџмент.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Курсот започнува од 4 септември 2010 година

пријавување и информации:

пријава

 (02) 244 8077; 070/361-553 факс: (02) 244 8240
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

распоред за септември - октомври 2010 (.pdf)

цени 2010/2011 (.pdf)

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.