индивидуален пристап

Пред доаѓањето на обуката секој пријавен учесник треба да пополни прашалник, со што ќе ни помогнете да ги согледаме индивидуалните познавања и состојби на финансиското планирање, како и финансискиот и сметководствен информативен систем во претпријатието. Ова е значајна компонента на обуката која ќе овозможи дискусија на конкретни прашања и решавање на конкретни проблеми за време на обуката, како и развој на индивидуален акционен план за секој учесник во неа.


котизација  
14.850,00 денари по лице со плаќање однапред на сметка на КОСМО Иновативен Центар
бр. 210-0575582401-20, ДБ 4030003477844 во Тутунска Банка АД Скопје или во готово во нашата канцеларија

ПОПУСТ
за двајца пријавени учесници - попуст од 10%

ПРОГРАМА ЗА НАПРЕДНИ БИЗНИС-ТЕХНИКИ

Градење капацитет на претприемачи

литература
Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература - прирачник "Финансиски менаџмент и меѓународни сметководствени стандарди"


 

Во последните децении, зголемена е потребата за транспарентни и споредбени завршни сметки, особено во претпријатијата кои котираат на берза.

За време на глобализацијата, на капиталните пазари им се потребни интернационални и домашни стандарди. Инвеститорите очекуваат доверливи и фер-информации за да можат да донесат квалитетни инвеститорски одлуки.

Од 2000 година, принципите na меѓународните сметководствени правила се развиени во независен и потполн систем IAS - International Accounting Standard (меѓународен сметководствен стандард). На иницијатива на ЕУ, од 2005 година сите берзански претпријатија треба да се билансираат според IAS.

Целите на IAS и на оваа обука се:

  • за општ интерес во деловната заедница да се користат сметководствени стандарди кои треба да бидат имплементирани во стандардизирани презентации на годишните извештаи прифатени и поддржани во светски рамки

  • подобрување и хармонизирање на одлуките, книговодствените стандарди и постапките кои се однесуваат на презентациите на завршните сметки

Обуката ќе се фокусира на следните теми:

  • основни принципи и правила на IAS: разбирање, релевантност, сигурност во функционирањето, содржина над форма, рамнотежа меѓу квалитативните карактеристики, вистински и фер-погледи - фер-презентација, принцип на транспарентност на сметководството

  • споредба на IAS со националните правила за финансиско сметководство

  • разлика меѓу IAS и HGB

  • главни позиции во IAS-билансот

  • US GAAP

  • начин на воведување на IAS

  • табеларно прикажување

Со завршување на обуката ќе можете да го имплементирате IAS во вашето претпријатие, што ќе придонесе за развој на следниве придобивки: подобра подлога на менаџментот во донесувањето вистински одлуки, подобрени односи за инвеститорите, поголема транспарентност и споредливост на јавните информации, пониски капитални трошоци за влез на интернационалните финансиски пазари, еднаквост меѓу внатрешното и надворешното сметководство, што значи поедноставување на репортинг-процесите и исполнување на обврските на берзанските претпријатија во ЕУ.

Преку IAS се презентираат суштинските критериуми за успех - со детално прикажување на маргиналната исплата, на ризичните ситуации, на резултатите на сегментите на претпријатието и на еден обемен анекс за објаснување на билансната и финансиската состојба.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:
 (02) 244 8077; 070/361-553 факс: (02) 244 8240
contact@cosmoinnovate.com.mk

Ве молиме, потврдете го вашето учество со пополнување и испраќање назад на приложениот формулар по факс или
 e-mail

 
 

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за семинари ЕСЕН-ЗИМА 2011-2012 (.pdf)

цени 2011/2012 (.pdf)

дома      услуги      обуки      производи      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.