Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник ИНСТАЛАЦИИ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување, а услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

20 часа:

6.980,00 денари

(плаќање на 2 рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

30% или 45%

цени 2010/2011 (.pdf)

ноември - декември 2010

сабота 9.30 - 12.40

фонд на часови: 20 / ECVET-кредити: 1,5

сертификат: Енергетски ефикасни инсталации

ГРУПА - јуни

5 јуни 2010

 

ГРУПА - ноември

20 ноември 2010

 

бесплатен прирачник за учесниците на обуката

Енергетски ефикасни инсталации

дополнителна литература која може да се нарача во КОСМО Иновативен Центар:

Енергетски
ефикасни згради

Инсталации

Европската Унија денес увезува околу 50% енергија. Доколку ништо не се стори до 2030 год, дури 70% од енергијата во ЕУ ќе треба да се обезбеди од увоз.
Ваквите состојби на енергетски план се слични и во нашата земја. Се соочуваме со голема енергетска потрошувачка, додека изворите на енергија стануваат сè поретки и со тоа цената на енергијата постојано расте.

Штедењето енергија е најлесниот, најбрзиот и најефикасниот начин за да се одговори на предизвикот на енергетска зависност. По сектори, енергетските потреби се околу 30% во транспортот, а останатите 70% се во индустријата, зградите и објектите од јавниот и приватниот сектор. Премногу енергија се троши во зградите (административни и за живеење) заради неефикасниот систем на затоплување и осветлување и недоволната примена на изолациски градежни материјали.

За да се постигне висока енергетска ефикасност на еден објект, потребно е задоволување на повеќе фактори:
- добра термичка изолација на објектот
- добра вентилација на објектот со искористување на топлинската енергија на влезниот и излезниот воздух
- користење на обновливи извори на енергија со висок коефициент на ефикасност и акумулација на топлинската енергија
- дополнително искористување на вишокот топлинска енергија.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • пасивни куќи и енергетски ефикасни згради - енергетски биланс

  • топлинско-изолациски материјали и пресметка на топлински мостови

  • инсталации за електрична енергија

  • инсталации за греење

  • инсталации за климатизација

  • проектирање на системи за греење и климатизација

  • системи за греење и ладење со обновливи извори: соларни колектори, топлински пумпи, енергија од биомаси

Активностите за заштеда на енергија во објектите треба да се насочени кон мерки за:
- заштеда кај системите за греење и климатизација (подобрување на карактеристиките на објектот, ефикасност на примарната и секундарната опрема, промени во процесот на климатизација, регулација)
- намалување на загубите на електрична енергија (подобрување на факторот на моќност, намалување на односот на хармониците, намалување на топлинските загуби во електричната мрежа)
- заштеда кај енергетските флуиди
Со анализа на потрошувачката на енергија за време на експлоатација на објектот и воведување на мониторинг и менаџмент на потрошувачката се доаѓа до забележителни резултати во поглед на заштедата на енергија.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Курсот започнува од 20 ноември 2010 година

пријавување и информации:

пријава

 (02) 244 8077; 070/361-553 факс: (02) 244 8240
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за септември - октомври 2010 (.pdf)

цени 2010/2011 (.pdf)

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.