• Почетнa
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт

индивидуален пристап

Пред доаѓањето на обуката секој пријавен учесник треба да пополни прашалник, со што ќе ни помогнете да ги согледаме индивидуалните познавања и состојби на e-biz менаџментот, како и финансискиот и сметководствен информативен систем во претпријатието. Ова е значајна компонента на обуката која ќе овозможи дискусија на конкретни прашања и решавање на конкретни проблеми за време на обуката, како и развој на индивидуален акционен план за секој учесник во неа.

 

котизација  
5.900,00 денари по лице со плаќање однапред на сметка на КОСМО Иновативен Центар
бр. 210-0575582401-20, ДБ 4030003477844 во Тутунска Банка АД Скопје или во готово во нашата канцеларија

ПОПУСТ
за двајца пријавени учесници - попуст од 20%, односно вкупно 9.700,00  денари

 

цени 2010/2011 (.pdf)

ПРОГРАМА ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ПРОДАЖБА

Градење капацитет на претприемачи

предавач: Гоце Постоловски

литература
Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература - прирачник "E-biz management".

 

Е-BIZ MANAGEMENT

 

 

E-business значи водење бизнис по електронски пат, со помош на информации и интернет-технологија, а прилагоден на различни вкусови, навики и стилови на работење. За едно претпријатие претставувањето на e-mail-от е првиот чекор во e-business-от, но за други претпријатија e-business значи оформено разбирање дека коминтентите ќе можат да ги нарачаат производите во секое време и нарачката ќе се проследи директно во администрацијата за набавка и испорака.

Развојот на модерниот деловен свет потврдува дека имплементацијата на e-business-от секогаш нуди големи предности во работењето на претпријатијата.

Обуката ќе се фокусира на следните теми:

ТЕОРИЈА 

1.     Интернет-технологија
- Што е интернет, развој и развиток од обична комуникациска мрежа до платформа за сериозен бизнис и забава
- Објаснување на основните поими кои се користат - веб сајт, адреса, дом
eин
- Можности кои ги нуди интернетот за водење на бизниси

 2.     eBusiness
- Што е eBusiness
?
- Модели на eBusiness
- Поделба според учесниците (дали е наменет за бизниз-бизнис B2B, бизнис-корисници B2C, корисници-корисници C2C, бизнис-вработени B2E, бизнис-влада B2G и сл.)

 3.     eCommerce
- Дефиниција, историски развиток, форми
- Начин на водење, апликации кои се користат за таа намена

 4.     eMarketing
- Дефиниција, историски развиток, форми
- Предности и Недостатоци 

ПРАКТИКА

 1.     Изработка на веб страна
(објаснување на основните елементи на веб страната, објаснување и работа со Dreamwever како најдобра апликација која овозможува сами да направите веб страна без воопшто да знаете HTML)

 2.     Што е CMS (Content Management System)
Бесплатен и комерцијален софтвер - Babylon и Joomla

 3.     Електронска кошничка (Shopping chart)
Како изгледа, кои се основните функции и можности, каде може да се најдат комерцијални и бесплатни, како да се
update-уваат и други опции

 4.     Апликации за интернет-маркетинг
-      
Search Engine оптимизација
-      
E-mail маркетинг
-      
PR канали
-      
Социјални мрежи

Вкупниот фонд на часови е резервиран за практична работа со E-BIZ софтвери, наменети за имплементација на e-business можностите. Со демонстрација на низа примери и Case Story за имплементација на софтверски e-business решенија во вистински претпријатија, обуката за e-business менаџмент ќе им помогне на учесниците во воведувањето и менаџирањето на e-business методите и прифаќање на е-предизвикот.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Обуката се реализира во два дена - сабота и недела
(
10.00 - 16.00), во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување

 

пријавување и информации:
 (02) 244 8077; 070/361-553 факс: (02) 244 8240
contact@cosmoinnovate.com.mk

 пријава (doc.)

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за септември - октомври 2010 (.pdf)

цени 2010/2011 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.