TOTAL QUALITY MANAGEMENT PROGRAM 

ДОБРОДОЈДОВТЕ!

Dokolku ne se cita tekstot vo gorniot red na Outlook Express ili Internet Explorer kliknete:
View->Encoding->Unicode (UTF-8)

 
Ова е KOSMO PREGLED за Февруари 2012.
 
        
 
         Месец за почеток на Тематски обуки  
 
          Февруари е месец во кој започнува пролетен циклус на Тематски обуки во КОСМО Иновативен Центар. Пакет обуките се реализират во време од 3-4 месеци.
 
           Тематските обуки се поделени во три области: 
 
                
 
        Распоред на редовни курсеви Февруари - Мај 2012 г. 
 
Ве информираме дека на www.cosmoinnovate.com.mk  е објавен распоредот на курсевите за периодот Февруари - Мај 2012. Распоредот ви го праќаме во прилог на овој КОСМО Преглед, а сите заинтересирани можат да ги планираат термините и да се пријавуваат со пополнување на апликација. Пополнувањето на групите е во тек, а пријавувањето на слушателите се одвива до почеток на предавањата или пополнување на групите.
 
         

 

      

     Срдечен поздрав,

 

         Eдвард Sofeski

         es@cosmoinnovate.com.mk

         KOSMO Inovativen Centar


СЕМИНАР:  ПРОДАЖНИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ

25 февруари 2012 година

сабота: 10.00 - 16.00 часот

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Катерина Вељаноска

(CV, тренери)

Значењето на деловното презентирање производи, услуги, проекти и идеи, како и развивањето продажни односи и комуникација со клиенти и потрошувачи - се централни теми на овој семинар.

Цели на семинарот

Обуката е развиена со цел да се зголеми самодовербата на презентерите и продавачите и да се научат релевантни техники за интерни и јавни презентации, како и развивање комуникација и односи со клиенти и потрошувачи кои ќе доведат до продажба.

Обуката ќе им помогне на учесниците да ги подобрат способностите за подготовка и реализација на продажен разговор, воспоставување продажна комуникација и односи со потрошувачите и јавноста, презентирање и водење преговори во современиот деловен свет.

Со осознавање на вештините на односи со потрошувачите, клиентите, остваруваме позитивен контакт со нашата целна група и долгорочно го креираме посакуваниот деловен успех.

 

Семинарот ПРОДАЖНИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ

ќе се реализира на

25 февруари 2012 година

пријава

Цена

8 часа: 3.850,00 денари  (плаќање на две рати)

МОЖНОСТ ЗА ПОПУСТ

за авансни уплати за еден учесник

- попуст од 10%

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. (02) 244 8077,
075 438 576, фах. (02) 244

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

 

КУРСЕВИ: ФЕВРУАРИ - МАЈ 2012 !

РАСПОРЕД  КУРСЕВИ

 

Курсеви за маркетинг, менаџмент, сметководство, комуникациски вештини, странски јазици итн. во траење од 2 до 3 месеци со заокружена тематска целина. Можат да се следат поединечно, самостојно да се комбинираат според вашите потреби или комбинирани во пакет тематски обуки.

 

  

  Сметководство
  22 февруари 2012 
  повеќе...

 

 Финансиско планирање и анализа 
 5 март 2012
 повеќе...

  Деловна комуникација
  и човечки ресурси
  16 февруари 2012
  повеќе...

 Деловен англиски јазик
 16 февруари 2012
 повеќе...

   Деловен германски јазик
   
   повеќе...

 Проект-менаџмент
 28 февруари 2012
 повеќе...

   Енергетски ефикасни системи
   29 март 2012
   повеќе...

 Инвестициско планирање и анализа 
 7 мај 2012
 повеќе...

   Трговија и маркетинг-менаџмент
   10 април 2012
   повеќе...

 Енергетски ефикасни инсталации
 25 февруари 2012
 повеќе...

   Вештини на презентирање и

   преговарање
   21 февруари 2012
   повеќе...

 Бизнис-планирање и менаџмент
 15 мај 2012
 повеќе...

пријава

повеќе...

                                             

КОСМО Предлог

 

ШТО ВСУШНОСТ Е БРЕНД ?

Савица Поп Тонева

 

    “Човештвото е зависно од знаци и системи, а човечкиот ум е нераздвоен од функционирањето на знаците – иако интелектуалната способност не треба да се идентификува со такво фукнционирање” Charles Morris, Foundations of the Theory of Signs.

Patrick Barwise разликува три работи, кои може да бидат бренд, и според него брендот може да биде:

    - Име на производ или услуга, како на пример BBC News

    - Трговски знак како Panasonic

    - Верувања на потрошувачот за производот или услугата, олицетворени во фразата како “Никој никогаш не е отпуштен за купување на IBM.”

Што може да има бренд? Буквално се: производи, услуги, организации, места и луѓе. Дури и ТИ, можеш да бидеш бренд.

Брендот е ветување за задоволството. Тоа е знак, метафора која оперира како непишан договор помеѓу производителот и потрошувачот, продавачот и купувачот, изведувачот и публиката, околината и оние кои ја населиле, настан и оние кои го искусиле.

Брендингот е процес на постојана битка помеѓу производителот и потрошувачот во дефинирањето на ветувањето и значењето. Karl Marx ќе каже “луѓето прават сопствена одлука за тоа што ќе бидат, како ќе живеат и што ќе купат, но под услови обликувани од огласувањето и публицитетот на брендовите”. Купувачкото однесување се води од кажување приказни и емоции, користени од брендовите.

Брендовите се раѓаат во време на економско богатство. Кога е сиромаштија, брендовите умираат. Модерните практики на брендингот се појавуваат со Индустриската револуција (доцниот осумнаесети и почеток на деветнаесетиот век). Корпорациите креирале брендови за да ја зголемат продажбата пошироко од нивното место на производство. Некои од француските добри вина биле брендрани дури пред револуцијата. Пиварите како Guinness и Bass, потекнуваат од 18 век. William Procter, производител на свеќи и James Gamble, производител на сапуни се раните пионери на брендингот. Тие започнуваат заеднички бизнис во 1837 година, за време на американската граѓанска војна, снабдувајќи ја војската на северот со сапун. Ветераните станале свесни за прозиводите на Procter and Gamble кога се вратиле дома.

    Брендингот како што се практицира во денешно време содржи пет компоненти:

    - Позиционирање

    - Кажување на приказни

    - Дизјан

    - Цена

    - Однос со потрошувачите

Позиционирањето значи дефинирање во умот на потрошувачот, за тоа што е брендот и како се споредува со конкурентските брендови. Важно е производителите да се фокусираат на она на што мислат потрошувачите и да одговорат на нивните потреби. Тоа е она што го прави брендингот дво насочен процес.

Кажување приказни е она што луѓето го прават со милениуми. Секој се води од добра, емотивна приказна и сака да ја слуша најдобрата приказна повторно. Кога купуваме брендови, ние земаме учество во приказната: добрите брендови не уверуваат дека ние имаме голема улога во нивната голема приказна.

Дизајнот се однесува на сите аспекти за тоа како нештото е изработено. Дизајнот е јасен, исто колку и етикетата, тој е практичниот дел, име, лице и опачина. Кога компанијата зборува за ребрендирање, честопати се мисли на редизајн.

Цената е витална, иако помалку очигленден апсект на брендот. Доколку две сирења во една продавница изгледаат и мирисаат исто, повеќето ќе го купат поскапото (нешто што е и докажано). Играњето со цените е круцијално во бренд конкуренцијата и многу компании знаат дека краткорочната тактика на кратење на цените може да биде уништувачка последица за имиџот на брендот.

Менаџментот на односот со клиентите претставува донкихотски напор на компаниите да го направат секој поеденично да се чувствува специјално. Ова е витално.

Убавината на добриот брендинг лежи во способноста да се идентификува вистината, да се каже приказната, да изгледа добро и да изгради вредна, емотивна врска помеѓу производителот и потрошувачот.

 

    Што не е бренд?

    Прво, брендот не е лого. Терминот лого, е кратенка за логотип, дизјанерите зборуваат за трговска марка направена од прилагодени букви (logos грчки збор со значење - збор). Терминот лого е прифатен од народот, бидејќи звучи модерно, но всушност се мисли на трговска  марка. Дали трговската марка е лого, симбол, монограм, амблем или друг графички симбол. IBM користи монограм, додека Nike користи симбол. И двете се трговски марки, но ниту едно не е лого. Но она што е битно е дека ниту лого ниту друг вид на трговска марка не е бренд сам по себе. Не е ништо друго освен симбол.

Понатаму, брендот не е корпоративен идентификациски систем. Во 20 век идентификацискиот систем е конструиран за контрола на употребата на трговските марки и трговските елементи како публикациите на компанијата, огласите, недвижностите, возилата итн. Пред педесетина година, литографијата беше комуникациска технологија.  Упатствата за идентификација биле дизајнирани за да ги диктираат големините, боите, просторот и архитектурата на печатените страни. Денеска се уште постои потреба за упатства за идентификација и за визуелната конзистентност која тие ја носат. Но составот сам по себе не го креира брендот.

Конечно, брендот не е производ. Маркетарите често зборуваат за менаџирање на нивните брендови, но она што најчесто го мислат е менаџирање на нивните производи или продажби, дистрибуција и квалитет. Да се менаџира бренд е да се менаџира нешто помалку материјално – како здив, невидлив слој или значењето на околината на производот.

“Брендот не е име. Брендот не е изјава за позиционирање. Брендот не е ниту маркетинг порака. Тоа е ветување дадено од компанијата кон своите потрошувачи и подржувачи. Може да имам интелигентни агенти, кои излегуваат на пазарот и составуваат извештаи за секоја камера, но немам време за читање. Ќе купам Sony.” (Sterne, 1999).

    Што всушност е бренд?

Бренд е чувството на личноста за производот, услугата или компанијата.  Бренд е “чувство во стомакот”, бидејќи ние сме емотивни, интуитивни суштества ипокрај нашите напори да бидеме разумни.  Брендот е дефиниран од индивидуожите, а не од компаниите, пазарите или така наречената генерална јавност. Секој човек си креира негова верзија на брендот. Додека компаниите неможе да го контролираат овој процес, тие може да влијаат на него комуницирајќи ги квалитетите кои ги разликуваат производите еден од друг. Кога доволен број индивидуи ќе го почуствуваат истото чувство, може да се каже дека компанијата има бренд.

Бренд е име, термин, знак, симбол, дизајн, или комбинација, кој се користи за идентификуање на добра или услуги на еден продавач или група продавачи и ги разликува од оние на конкуренцијата (Kotler, 2002).

De Chernatony и McDonald го опишуваат брендот како:

... идентификуван производ зголемен на начин на кој купувачот или корисникот добива уникатна дополнителна вредност, која одговара најблиску на потребите на корисниците. Успехот на брендот, резултира од способноста да се одржи дополнителна вредност пред конкуренцијата.

Оваа дефиниција ги нагласува трите аспекти на успешен бренд:

    - Брендот е зависен од прецепцијата на потрошувачите

    - Перцепцијата е под влијание од долнителните вредности на производот

    - Дополнителните вреднисти треба да бидат одрживи

Ова значи дека на пример, дизајнот на брендот, вклучувајќи го и графичкиот дизајн, логото и изгледот кои се врзани со брендот, не го креираат брендот, иако помагаат во препознавањето и го забрзуваат брендинг процесот.

Имињата на брендот му помагаат на потрошувачот да избере од збирот на атрибутите на производите или  услугите. Ова ја зголемува довербата на потрошувачот и ја зголемува нивната ефикасност. Од перспектива на потрошувачот, брендингот му овозможува на добавувачот да привлече лојални потрошувачи, што значи дека производителот може да постави повисока цена за добра брендирани под респектиран бренд и им помага на добавувачите да ги сегментираат пазарите. 

 

  Савица Поп Тонева

Савица Поп Тонева шест години работи како директор на интернет огласувачката мрежа Httpool, каде ги носи главните планови, бизнис-програми и предлог-буџети за работењето на друштвото, како и целокупно координирање на работните активности. Повеќегодишното менаџерско работно место во Httpool Online Advertising и` овозможува одлично да го запознае македонскиот пазар на интернет-рекламирање, а со успешното воведување нови производи и услуги, таа директно влијае на развојот на интернет маркетинг-пазарот во Македонија. Како дипломиран економист, магистерските студии за меѓународен менаџмент се во функција на нејзиниот интерес за подготовка на локални и меѓународни маркетинг стратегии за клиенти како Македонски Телекомуникации, Жито Лукс, Алкалоид итн. Активно учествува во локални и меѓународни проекти со општествен интерес и едукативни проекти. Таа е чест предавач на различни работилници, обуки и семинари, споделувајќи го своето искуство во областа на интернет-маркетингот и друштвеното вмрежување.


     ПАКЕТ СЕМИНАРИ

 
Предстојната обука „Бренд Менаџмент„ ќе се реализира со 3 (модули) семинари:
 
- Интернет брендирање   повеќе...
- Економска пропаганда и продажна промоција   повеќе...
- Интернет промоција и продажба   повеќе...
 
почнувајќи од (сабота) 18 февруари 2012 во КОСМО Иновативен Центар ќе ја реализираат инструкторите:  Г-ѓа Савица Поп Тонева, Г-ѓа Шуна Спировска, Г-ѓа Сузана Николовска и Г-ѓа Сања Божиќ.
 

Целите на обуката се:

  • креирање и управување со силен бренд идентитет на претпријатијата

  • усогласување на вредностите на брендот со вредностите на клиентите

  • усвојување на бренд-менаџмент процесот во претпријатието

  • подготовка на буџет на маркетинг и планирање на буџет на пропаганда (средства, медиум, економско-пропагандни пораки)

  • креирање и избор на средства на пропаганда (соработка со новински куќи, телевизија и радио)

  • мерење на резултати на пропагандата и брендот

  • развивање публицитет и односи со јавност

  • користење е-маркетинг средства за комуникација (Internet Advertising, Internet Marketing PR, Internet Sales Promotions, директен маркетинг, е-каталози, е-аукции)

  • употреба на влијанието на интернетот врз донесувањето одлуки за купување

  • употреба на социјални мрежи, блогови во брендирањето

 
 
Со завршување на сите 3 модули (семинари) кандидатите добиваат сертификат за обука за „Бренд Менаџмент„.
 
Пријавувањето е можно до почеток на тренингот или пополнување на групата.
 
 
    ПОКАНА

 

Ве покануваме да ги проследите семинарите од најавената обука.

 

Повеќе информации за нашите услуги прочитајте на www.cosmoinnovate.com.mk  

 

Повеќе информации за обуката Бренд Менаџмент„ прочитајте на линкот - повеќе...

  

 
 

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. (02) 244 8077, фах. (02) 244

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

                                  Тематска Обука: МЕНАЏЕР НА КОМЕРЦИЈА

Trade Manager

МЕНАЏЕР НА КОМЕРЦИЈА

Идејата дека добриот производ сам ќе се продаде е погрешна во денешниот комплексен пазар, каде техниките на маркетингот и продажбата се многу поважни од тоа колку добро производот ја врши својата функција.

Успешноста и стабилноста на компаниите не зависи од тоа колку е добар нивниот производ, туку колку добро пакување има истиот и колку добро компанијата го продава. Главна причина за неуспех на компаниите е нивното преголемо фокусирање на производот наместо на пазарот. Таквите компании полесно трошат многу пари обезбедувањето најдобри производи, а малку од нив ќе потрошат пари за вработување или најмување специјалисти за продажба и маркетинг.

Поради тоа, бизнисите секогаш имаат потреба од обучени и способни trade-менаџери кои го разбираат целиот продажен процес почнувајќи од маркетингот до финалното плаќање.

Во Trade Manager-пакетот се вклучени следниве модули:

ОСНОВНИ модули

                                          

                                                 30 часа / 2 кредита - повеќе...

 

                                        

                                                20 часа / 1,5 кредити - повеќе...

    

ИЗБОРНИ модули

 

30 часа / 2 кредити - повеќе...

 

30 часа / 2 кредити - повеќе...

 

Почетокот на предавањата е од 21 април 2011 година

 

пријава

 

ЦЕНА

80 часа: 12.300,00 денари

(плаќање на 4 рати по 3.075,00 денари)

 

Обуката се реализира во четири месеци
- два/три пати неделно во попладневни термини меѓу 17.30-19.30 и 19.40-21.40 часот -
во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

тел. (02) 244 8077, фах. (02) 244

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

УСЛУГИ
        

КОСМО Иновативен Центар е член на MANAGENERGY-Иницијатива на Европската комисија - оддел за Енергетика и Транспорт, кој промовира енергетска ефикасност и рационално искористување на енергијата, заштеда на енергијата, чист транспорт и одржлив развој со употреба на чисти и обновливи извори на енергија.

УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во функција на обезбедување поквалитетно живеење, зачувување на животната средина, реализирање на проекти од енергетски аспект, на супституција, заштеда и ефикасно користење на енергијата, како и користење на алтернативни извори на енергија, ние им помагаме на луѓето и претпријатијата во подобрувањето на начинот на кој управуваат со животната средина преку:

      • изработка на елаборати за заштита на околината

      • изработка на елаборати за управување со отпад

      • учество во изработка на законската регулатива, стандардите и другите прописи од областа на енергетската ефикасност и ефикасното управување со ресурсите

      •  промотивни мерки, совети и експертизи за ефикасно управување со потрошувачката на енергија

      • промовирање мерки за рационално и ефикасно управување со сопствените ресурси преку посебни или преку периодични специјализирани публикации

      • изработка на експертизи и студии од областа за проектирањето, изградбата и одржувањето на енергетските објекти поврзани со заштеда и ефикасно користење на енергијата

                                                                                                         повеќе. . .

ПРОИЗВОДИ

 

          

    ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОГРАМИ и

             БИЗНИС ПЛАНОВИ

Celta na programite/planovite e da se odgovori na odnapred postavenite pra{awa so pomo{ na izvr{ena analiza na sega{nite sostojbi i problemite vo proizvodstvoto, nabavkata i potro{uva~kata na proizvodite/uslugite, za proektirawe pogon za proizvodstvo ili organizirawe sistem za realizirawe uslugi, izvoz vo sosednite zemji soglasno potrebite i materijalnite mo`nosti za primena.  

       Model na investicioniot proekt

-          rezime na investicionata programa

-          razvojni sposobnosti na investitorot

-          analiza na pazarot za proda`ba (klienti)

-          tehni~ko-tehnolo{ki aspekti

-          organizacioni aspekti

-          analiza na pazarot za snabduvawe

-          finansiska analiza po niza osnovi

-          zaklu~na ocenka za prifatlivost na proektot

 

Инвестициониот проект ќе послужи за подготовка на апликации за су-финансирање на проектот од банкарски установи, инвестициски фондови и фондови на Европската Унија. Инвестициониот проект може да послужи како тендерска документација за обезбедување со-инвеститори во реализацијата на проектот или формирање joint venture.
 
 
КОСМО Иновативен Центар е подготвен да овозможи консултантски услуги при подготовка на Инвестиционен Проект, подготовка на апликации за су-финансирање од фондови и финансиски установи, и спремни сме да организираме и спроведеме тендерски процедури или да поддржиме маркетинг активности за обезбедување со-инвеститори во проектот. Наведените услуги ги реализираме во соработка со нашите специјализирани консалтинг партнери и локални домашни независни експерти од соодветната област.
     

повеќе. . .

 

 

WEB МАРКЕТИНГ


КОСМО Иновативен Центар нуди можност за рекламирање со линкови кои тргнуваат од страните на нашата интернет презентација: линкови на долна линија, премиум линкови, рекламни линкови, размена на банери.  повеќе. . .

линкови на долната линија

Поставете ја вашата маркетинг-порака директно на долната линија на home page. Оваа реклама може да вклучи 3 линии на соодветен текст кој го опишува вашиот производ/услуга. Бојата на текстот и позадината може да се менуваат, а рекламата може да содржи и лого на вашето претпријатие. Линкот се поставува на македонската и англиската верзија на home page, страната производи/products (македонска и англиска верзија) или страната производи/cosmo trade center (македонска и англиска верзија).

премиум-линкови

Овие реклами се прикажуваат на самиот врв од десната страна на home page. Овие реклами најчесто го содржат логото на претпријатието или текстуална порака. Прикажувањето на овие реклами го гради брендот на вашето претпријатие, бидејќи го задржува вниманието на потенцијалните коминтенти. Се прикажуваат само на home page (македонска и англиска верзија). Бројот на премиум-линкови е ограничен на три на двете верзии на home page.

рекламни линкови

Рекламните линкови се поставуваат на позиции на десниот раб од страната производи/products (македонска и англиска верзија) или страната производи/cosmo trade center (македонска и англиска верзија).

Вообичаено, рекламите го содржат логото на претпријатието или соодветен текст кој го опишува производот/услугата на претпријатието.

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ!

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР
Бул.Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија
тел. (02) 244 8077, 244 фах. (02) 244
e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk


КОСМО Иновативен Центар е интернационална консалтинг компанија.

Ние нудиме консалтинг-услуги за производни, услужни и трговски претпријатија. КОСМО Иновативен Центар е македонски лидер во неформалната life long и интерна едукација во компаниите, правно-економски, финансиски и маркетинг outsourcing consulting, проектирање и консалтинг во производно-енергетските технологии и градежништво.

КОСМО Иновативен Центар обезбедува TQM (Total Quality Management) консалтинг-програма за производни, услужни и трговски претпријатија.

Авторски права © 2003-2012 КОСМО Иновтивен Центар.
Сите права се задржани. Репродукција на приложениот материјал во целост или на делови во било која форма или во медиуми без писмено одобрение на КОСМО Иновативен Центар е забрането.

Copyright © 2003-2012 COSMO Innovate Center.
All rights reserved. Reproduction in whole or in part in any form or medium without the express written permission of COSMO Innovate Centar is prohibited.

Информативно Издание на КОСМО Иновативен Центар

БР.122
Година 9


Петок
10 Февруари,2012

КОСМО
Иновативен Центар

 АГЕНДА

16.02.2012
Курс:
Деловен Англиски јазик
повеќе... 

18.02.2012
Семинар:
Интернет Брендирање
повеќе...

21.02.2012
Курс:
Вештини на презентирање и преговарање
повеќе...

22.02.2012
Курс:
Сметководство
повеќе...

25.02.2012
Семинар:
Продажни и комуникациски вештини
повеќе...





 
 
    2012  KOSMO Inovativen Centar, Сите права задржани. Одјавување од e-mail listata.