|
|
|
|
|||||||||
|
|
92 страни, А5
формат, полутврда подврска Подготвениот материјал е наменет за лица кои предходно имаат познавање од областа на електротехниката и соодветно школско образование од најмалку втор степен (основно образование). Поголем дел од вработените постојано во работењето се сретнуваат со опасност по нивниот живот од нестручно и невнимателно ракување со електричните мрежи и постројки. На овој начин се прави обид, низ пет поглавја од овој прирачник и преку примери, да се проследат карактеристичните случаи кои се сретнуваат во практиката при опслужувањето на сите електрични мрежи и постројки. Прирачникот може да послужи како секојдневен потсетник, како литература за периодична проверка на знаењата на вработените од одговорни работни места и како учебник за оние кои првпат се сретнуваат или сакаат да дознаат нешто повеќе за опасностите кои се јавуваат при манипулација со електрична енергија при секојдневна работа. Потребата од ваков вид пишана литература во Република Македонија ќе биде оправдано доколку читателите за кои е наменета ја прифатат како сериозна опомена по нивното здравје и живот, зашто дружењето со електричната енергија е предизвик и задоволство, но секогаш е потребно доволно знаење, совест, здрав и трезвен дух. Во последното поглавје се дадени и неколку совети од прва помош при несреќен случај од струен удар.
Содржина на прирачникот:
Вовед 1. Влијание на електричната струја врз човекот 2. Извори на опасност од електрична струја
3. Техничка сигурност
4. Услови за безбедна работа на електричните мрежи и постројки
5. Правила за безбедна работа на електричните постројки и прва помош
Авторски права © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права се задржани. Репродукција на приложениот материјал во целост или на делови во било која форма или во медиуми без писмено одобрение на КОСМО Иновативен Центар е забрането.
Copyright © 2003
COSMO Innovate Center. All rights reserved. Reproduction in whole or in part in
any form or medium without the express written permission of COSMO Innovate
Centar is prohibited. |
||||||||||
|
|||||||||||