• ??????a
  • ??????
  • ?????
  • ?????????
  • ?????????
  • ?? ???
  • ???????

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник ТРУДОВО ПРАВО И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

8 часа:

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за авансни уплати за еден учесник

- попуст од 10%

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

цени 2011/2012 (.pdf)

 

 

7 јули 2012 година

сабота: 10.00 - 16.00 часот

ГРУПА - јули

7 јули 2012

 

ГРУПА - март

10 март 2012

 

ГРУПА - октомври 

22 октомври 2011

 

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Арсе Петрески

(CV, тренери)

сертификат: Трудово право и заштита при работа


Често пати работодавачите веруваат дека без организиран синдикат на работниците не треба да се грижат за реализација на нормите на трудовото право и заштитата при работа.

Но, заради успешно воспоставување на политиките за раководење со човечките ресурси, одговорниот менаџмент за човечки ресурси во организациите потребно е да ги знае и да ги применува законите кои го дефинираат трудовото право и заштита при работа на работниците.

На семинарот Трудово право и заштита при работа ќе се презентираат основните одредби на трудовото право, односно правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос, како и мерките за заштита при работа, што ќе им помогне на учесниците:

  • да се заштитат од скапи трошоци за спорови со надлежните служби и институции

  • да го подобрат развојот на човечките ресурси

  • да го спречат нарушувањето на односите со синдикатот на работниците


Цели на семинарот

Целта на семинарот Трудово право и заштита при работа е менаџерите и раководителите, особено менаџерите за човечки ресурси и вработените во кадровската служба, проектните менаџери, како и соодветниот персонал, да се запознаат со сите права на работниците и системот за заштита при работа.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

Трудово право

  • остварување на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работниот однос

  • засновање работен однос

  • права на работниците и нивна положба

  • синдикати и работодавци

  • колективни договори

  • материјална одговорност

  • престанок на работниот однос

  • заштита на правата на работниците

  • инспекциски надзор од областа на работните односи

Заштита при работа

  • мерки за заштита при работа

  • обврски на работодавецот

  • права и обврски на работниците

  • претставник за заштита при работа

  • инспекциски надзор

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација, а со завршување на семинарот кандидатите ќе научат:

  • кои се условите и начините на засновање работен однос

  • како се заснова работен однос на неопределено и на определено работно време

  • кои се начините на распоредување на работници и приправници

  • како се дефинира работното време, одморите и отсуствата на работниците, платата и надоместоците за плата

  • како се регулира престанокот на работниот однос по спогодба, престанокот на работниот однос заснован на определено време, престанокот на работниот однос по сила на закон, престанокот на работниот однос со отказ

  • како се планира и организира заштитата при работа

  • како се спроведува обучувањето и оспособувањето на работниците за безбедна работа

  • како се води евиденција во областа на заштитата при работа

  • како се спроведува посебната заштита на жената, младината и инвалидните работници

  • кои се посебните обврски на работодавецот

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Семинарот

ТРУДОВО ПРАВО И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

ќе се реализира на

7 јули 2012 година

 

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02) 2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf)

распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)

 

цени 2011/2012 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.