НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Лидерство и менаџмент, Конфликт-менаџмент и Управување со информациите, знаењето и промените), кандидатите добиваат сертификат за обука за Тим билдинг.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Обемноста и сложеноста на работните обврски и стресното опкружување на работното место често предизвикуваат вработените да ја вршат својата работа со помал ентузијазам и мотивираност. Тоа е причина да се организираат тимски активности на вработените, односно преку градење тим и преку обука за градење тим да се постигне зголемување на нивната желба за работа. Градењето и стимулирањето на тимовите за зголемување на нивните способности и потенцијали ќе резултира со поголема меѓусебна соработка на вработените, со помагање едни на други, што води и до постигнување на стратешките цели на организацијата, но и да постигнување личен успех преку успехот на тимот.

Team building е процес кој помага вработените во компанијата или организацијата да изнајдат стратегија, мотивација и начин на делување за заеднички и ефективно да ги остварат поставените цели и задачи. Овој процес е различен за секоја група, а конечната цел треба да биде зголемување на перформансите како група во остварувањето на крајните поставени цели.
 


 

Обуката Team building е одличен начин за да се подобри ефикасноста на вашите вработени и да им се помогне во зголемување на нивната продуктивност.

Целна група

Обуката е наменета за подобрување на вештините за тимска работа на сите вработени кои работат или ќе работат како членови на тим, но и за усовршување на вештините на сите тимски лидери кои треба да оформат и изградат тимови во своите организации.


Структура на обуката

Програмата за обуката Тим билдинг
е составена од 3 модули/семинари.

16 часа / 1 кредит

повеќе...

16 часа / 1 кредит

повеќе...

16 часа / 1 кредит

повеќе...

Целите на обуката се:

- Формирање тим

- планирање тим и дефинирање на целите на тимот (кој тип проекти ќе работи, задачи, активности и трошоци на тимот)

- организација на тимот и градење улоги во тимот (кој има авторитет, кој има одговорност, кој избира членови на тимот)

- членови на тимот (селекција на членови, обука за тимска работа, стручна обука, супервизија и контрола на тимот)

- Подобрување на вештините кои се неопходни за ефективна тимска работа

- управување со промени

- развивање доверба и давање соодветна поддршка

- решавање на конфликтите во тимот

- комуникација

- лидерство

- Практикување на вештините низ вежби и рефлексија на тимот со споделување на индивидуалните искуства, перцепции и ставови

- Дефинирање разлика меѓу менаџментот и лидерството во тимот

- Подобрување на ефикасноста на тимот

- Градење дух на тимска работа и соработка

- Креирање синергија во тимот

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.