НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Планирање и менаџмент на продажба, Продажни и комуникациски вештини и Вештини на презентирање и преговарање) кандидатите добиваат сертификат за обука за Стимулирање на продажба.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Во денешното променливо бизнис-опкружување, зголемувањето на продажбата можеби изгледа невозможно. Доколку приходите од продажбата се намалуваат, односно растот на продажбата е помал од 20% во однос на претходната година, проблемот ќе се надмине со примена на техники за стимулирање на продажбата.

Потребно е техниките за стимулирање на продажбата да се прифатат и применат од вработените во продажниот сектор. Најчесто се применуваат обуки, со кои на претставниците на продажниот сектор ќе им се унапредат продажните и комуникациските вештини и ќе се прилагодат на потребите на модерниот купувач. Продажбата се стимулира и низ директната продажба, која е динамичен, брзорастечки канал за дистрибуција, маркетинг и продажба на производи и услуги директно до потрошувачите, кој сè повеќе се применува и во големопродажни трговски претпријатија организирани во форма на дистрибутивен ланец до продавниците.


 

Дефинитивно, лошиот маркетинг е причина која го намалува профитот и бројот на клиентите. Лошиот маркетинг ја намалува лојалноста на клиентите, па дури и послабите конкуренти можат да го преземат делот од тешко придобиениот пазар. Техниките на стимулирање на продажбата се насочени и кон редефинирање на маркетингот со промотивни техники и рекламирање, директно насочени кон зголемување на продажбата. Новиот маркетинг-концепт треба да се применува при рекламирање во медиумите, но треба да се координира и симултано да се употребува во директниот контакт на претставниците на продажниот сектор со клиентите и крајните купувачи.

Целна група

Програмата е наменета за претставници на продажен сектор, комерција и/или маркетинг-сектор, координатори на продажен тим, продавачи, комерцијалисти во претпријатија кои се занимаваат со трговија или продажба на производи и услуги.


Структура на обуката

Програмата за обуката Стимулирање на продажба
е составена од 3 модули/семинари.

8 часа / 0,5 кредити
повеќе...

8 часа / 0,5 кредити повеќе...

16 часа / 1 кредит повеќе...

Целите на обуката се:

  • планирање и подготовка за продажни состаноци

  • воспоставување продажна комуникација

  • перципирање на личните желби на клиентот и негово водење низ процесот на продажба

  • практикување продажен процес „лице в лице“ со додадена вредност на продуктот кој го продавате

  • поврзување на производот со потребите и желбите на купувачот за да може тој да ја види вистинската вредност на понудата

  • примена на практични решенија за ефективна промотивна и продажна стратегија

  • реализација на продажба (sales closing)

  • менаџирање на пречки во продажбата

  • стрес-менаџмент

  • менаџмент на клучни клиенти

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.