• ??????a
  • ??????
  • ?????
  • ?????????
  • ?????????
  • ?? ???
  • ???????

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник СИГУРНОСТ И КОНТРОЛА НА ПРОЦЕСИТЕ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

8 часа:

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за авансни уплати за еден учесник

- попуст од 10%

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

 

26 мај 2012 година

сабота: 10.00 - 16.00 часот

ГРУПА - мај

26 мај 2012

 

ГРУПА - март

24 март - 7 април 2012

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Ана Мешковска и Нина Угриновска

(CV, тренери)

сертификат: Сигурност и контрола на процесите


Деловните процеси во современите организации се управувани низ менаџмент информациски системи. Менаџмент информациските системи претставуваат поддршка на процедурите за интерна контрола во бизнисот и организациите, која се спроведува врз луѓето, документите и технологиите со цел решавање на проблемите во работењето. Современите менаџмент информациски системи се реализираат со достапната ИТ технологија.

Управувањето на деловните процеси е можно доколку преку менаџмент информацискиот систем се спроведуваат дефинирани контролни цели и контроли. Но, иако менаџмент информациските системи се поддржани од ИТ технологија, при воведување на нов деловен процес, редизајн на постоечките деловни процеси во организацијата и дефинирањето на сигурносните контроли, технологијата не може да ги даде сите одговори на проблемите кои произлегуваат од луѓето. Затоа, сигурноста и контролата на процесите не е целосно техничко прашање, туку претставува бизнис и менаџмент активност. Потребно е континуирано подобрување и адаптирање на испробаните и проверени мерки спроти заканите со кои се соочува организацијата и нивно имплементирање во деловните процеси. Ова подобрување и адаптирање на деловните процеси се гради низ секојдневните бизнис активности, со што и надградувањето на сигурноста и контролите на процесите во менаџмент информациските системи претставува континуирана активност.

Овој семинар е подготвен според меѓународни стандарди, прирачници и најдобри-практики, како BS7799, ISO/IEC 1799, Control Objectives for Information Technology (COBIT), ISO 27001.


Цели на семинарот

Целта на семинарот е менаџерите и раководителите, особено IT директорите и менаџерите, проектните менаџери, како и соодветниот персонал, да научат да ги разбираат и ефективно оценуваат контролите во менаџмент информациските системи. Семинарот ќе ги нагласи и дефинира основните технички концепти и ќе ги насочи слушателите преку постапка на проценка на ризикот да имплементират соодветни контроли на процесите и обезбедат сигурност на менаџмент информаиските системи.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1. Вовед и дефиниции за security, процеси и контрола
2. Најдобри практики и стандарди кои ја менаџираат сигурноста (ISO, ITIL, COBIT...)
3. Што е сигурност и зошто ни е потребна
4. Реализација на процеси, имплементација на сигурност и контроли
5. Контроли на менаџмент информациските системи:

  • Сигурност на IT системите – развој, продукција, одржување

  • Физичка сигурност – простории, опрема, работна околина, заштитни параметри

  • Административна сигурност – политики, процедури, правилници, упатства

  • Сигурност на персонал – обука за вработените

  • Контрола на пристап кон информационите системи – дигитални и hard copy

  • Анализа на ризици и имплементација на контроли

  • Континуитет во работењето – DR&BC

  • Усогласеност со законска регулатива

6. Анализа на процеси, оценка на критичност и сигурност – BIA
7. Контролни точки, контролни центри – внатрешна ревизија
8. Препораки за имплементација на сигурност во деловните процеси и контрола
9. Работилница – поставување на деловен процес, анализа на процесот, редизајн со имплементација на сигурносни контроли, контрола во постпродукциска работа

Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации, дизајнирани за постигнување ефективна едукација.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Семинарот

Сигурност и контрола на процесите

ќе се реализира на

26 мај 2012 година

 

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.