Цена
12 часа:
4.450,00 денари
(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

фонд на часови: 12 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Анета Мајсторова-Ивановска
ISCED 5А сертифицирана, согласно ISBE-препораките

(CV, тренери)

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. 

сертификат: Раководење со тим


Раководењето со тим претставува збир на активности со група луѓе кои работат на еден проект или вршат одредена функција во рамките на претпријатието или организацијата. Раководењето со тим обично значи поставување приоритети и цели на тимот, анализа и избор на методи за работење, како и управувале со донесувањето одлуки во тимот.

Обемноста и сложеноста на работните обврски и стресното опкружување на работното место често предизвикуваат вработените да ја вршат својата работа со помал ентузијазам и мотивираност. Тоа е причина да се организираат тимски активности на вработените, односно преку градење тим да се постигне зголемување на нивната желба за работа.


При формирање на тимот, раководителот треба да изврши:

- планирање и дефинирање на целите на тимот (кој тип проекти ќе работи, задачи, активности и трошоци на тимот);

- организација на тимот и делегирање улоги во тимот (кој има авторитет, кој има одговорност, кој избира членови на тимот);

- избор на членови на тимот (селекција на членови, обука за тимска работа, стручна обука, супервизија и контрола на тимот).

Откако ќе се формира тимот, во понатамошното градење и развивање на тимот многу важно е лидерството како вештина на инспирирање и мотивирање на луѓето да ја реализираат ефикасно нивната работа. Ефективните лидери градат тим, му наметнуваат визија и мотивација. На членовите на тимот им помагаат во градење на нивните вештини и самодоверба.


Цели на обуката

Целта на обуката е учесниците - раководители на тимови - да ги совладаат техниките за формирање на тимот, раководење со тимот, градење и развивање на тимот во рамките на своето претпријатие или организација. Учесниците ќе можат научените техники да ги пренесат на членовите на своите тимови и да ги користат за успешен развој на постојните и нови тимови и позитивен развој на претпријатието и организацијата.

Програмата ќе се реализира со три модули, кои можат да се следат издвоено,
по редослед и според можностите и потребите на заинтересираните слушатели, секој понеделник во ист термин во текот на целата година:

Организирање и водење состаноци

Создавање и менаџирање на тим и тимска работа

Делегирање улоги, управување со времето
и зголемување на продуктивноста

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.