НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Продажни и комуникациски вештини, Социјални медиуми и on-line-брендирање и Интернет-промоција и продажба), кандидатите добиваат сертификат за обука за Промотивни вештини.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Бизнис-промотори се поединци, агенции или софтверски алатки кои се користат да се рекламираaт или промовираaт производи и услуги за потрошувачите. Бизнис-промоторoт може да ja постигне оваа цел со помош на традиционалнoтo рекламирање и методи за публицитет или да употреби понова технологија, за да привлече внимание и да освои нови клиенти. Промоторите можат да работи во кој било тип или големина на бизнис и да помогнат да се зголеми продажбата и успешното работење.

Бизнис-промоторот може да функционира како вработен или како независен соработник. Кога е дел од компанијата, промоторот работи со персоналот за продажба и маркетинг за развивање ефективни кампањи за привлекување нови клиенти или за промовирање нови производи за постојните клиенти. Промоторите, исто така, работат со персоналот за односи со јавноста, со цел да се зголеми јавната свест за компанијата и за производите што ги нуди. Често, голем број проекти се работат истовремено, некои промоции се долгорочни и општи, додека други се краткорочни и специфични.


 

Еден од најновите видови бизнис-промотори е во форма на софтверска програма. Наменет, пред се, за употреба на интернет, овој софтвер претставува алатка потребна за создавање ефикасни online реклами, промотивни статии, веб-страници и други алатки што може да помогнат за создавање ефикасно присуство на интернет. Традиционалните бизниси што сакаат да воведат интернет- продажба или компаниите кои веќе функционираат како интернет-бизнис се рамноправни во ефикасносто користење на овој софтвер.

Целна група

Програмата е наменета за претставници на продажниот сектор, комерцијата и/или маркетинг-секторот, координатори на продажни тимови, продавачи, комерцијалисти во претпријатија што се занимаваат со трговија или продажба на производи и услуги.


Структура на обуката

Програмата за обуката Промотивни вештини
е составена од 3 модули/семинари.

8 часа / 1 кредит

повеќе...

8 часа / 1 кредит

повеќе...

8 часа / 1 кредит

повеќе...

Целите на обуката се:

  • планирање и подготовка за продажни состаноци

  • воспоставување продажна комуникација

  • перципирање на личните желби на клиентот и негово водење низ процесот на продажба

  • менаџирање на пречките во продажбата

  • креирање и управување со силен бренд-идентитет на претпријатијата

  • усогласување на вредностите на брендот со вредностите на клиентите

  • развивање публицитет и односи со јавноста

  • примена на практични решенија за ефективна промотивна и продажна стратегија

  • користење е-маркетинг средства за комуникација (Internet Advertising, Internet Marketing PR, Internet Sales Promotions, директен маркетинг, е-каталози, е-аукции)

  • употреба на влијанието на интернетот врз донесувањето одлуки за купување

  • употреба на социјални мрежи, блогови во брендирањето

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријава

пријавување и информации:

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.