Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

8 часа:
3.850,00 денари
(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници
- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници
- попуст од 30%

 

цени 2012/2013 (.pdf)

 

 

7 - 21 февруари 2013 година

четврток: 19.40 - 21.40 часот (x 3 предавања)

Приклучете се.

КОСМО РЕЛАКСИРАНО на

facebook.com


Со следење на семинарот СОГОРУВАЊЕ - ПРЕВЕНЦИЈА И МЕНАЏМЕНТ добивате ексклузивна цена за 10 третмани во солена соба за 1.300,00 денари


ГРУПА - февруари

7 - 21 февруари 2013

 

ГРУПА - декември

18 - 25 декември 2012

 

ГРУПА - октомври

20 октомври
- 3 ноември 2012

 

ГРУПА - јуни

30 јуни 2012

 

*бројот на членови на групи е ограничен

 

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Александра Арсовска - Белчовска

(CV, тренери)

сертификат: Согорување - превенција и менаџмент


Burnout (согорување) е проблем со кој се соочиле многу луѓе или биле многу блиску до него во одреден момент од својот живот или кариера. Ако вашата работа или активности вe држaт целосно исцрпени физички или емоционално и ако оваа состојба трае оди со години, месеци или можеби само неколку недели, можете да ja достигнете критичната точка и да станете жртва на синдромот на согорување.

Burnout е состојба која се случува кога вашето тело или ум не може повеќе да се справат со премногу високите барања очекувања. Вие сте заробени во состојба на емоционална исцрпеност и тешко е да се излезе од таа состојба. Ќе престанете да се грижите за она што го правите, иако може да се чувствувате виновни за тоа. Дури и ако продолжите  да работите, ќе биде тешко да се направи напредок во работата.

Burnout се смета дека е резултат на хроничен стрес кој не е успешно решаван. Карактеристики на состојбата на согорување се: чести депресии, непрестајна анксиозност, емоционална исцрпеност, ниско ниво на задоволство при работата итн.


Цели на семинарот

Целта на семинарот е учесниците да ги детектираат предупредувачките знаци и симптоми, да го превенираат и да се справат со синдромот на согорување.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • Што е синдром на согорување?

  • Разлика помеѓу стерсот и синдромот на согорување

  • Причини за синдром на согорување

  • Предупредувачки знаци и симптоми ( физички, емоционални, бихејвиорални)

  • Превенција од синдром на согорување

  • Опоравување од синдром на согорување

  • Справување со синдром на согорување на работа

Одредени категории луѓе и професии се посебно подложни на Burnout. Најчесто тоа се луѓе кои се многу посветени и мотивирани, кои имаат високи стандарди и идеалистичка посветеност на своите работни места. Оваа состојба почесто се јавува кај професии како претприемачи, менаџери (во бизнисот, образованието, здравствената заштита), наставници, социјални работници, спортисти.

Постојат многу различни ситуации кои можaт да доведaт до согорување. Најчести причини се:

  • Голем обем на работа. Може да се должи на недоволно време и недоволно познавање на вештини за управување, особено лошо планирање или вештини на  делегирање.

  • Напорна работа без јасни цели. Напорно и тешко работење, но без оглед на тоа колку долго се работи, да не може да се согледа никаков напредок. Работа без ефикасност и ефективност

  • Немоќ да се смени нешто лично важно. Нешто за што сте емотивно поврзани, но тоа е во исто време надвор од вашата контрола.

  • Принудување на себеси да се направи невозможното. На пример, решавање на проблеми, без потребните ресурси.

  • Судир меѓу вашите лични вредности и вредности на компанијата во која работите. Вие не верувате или не се согласувате со она што го работите, но околностите ве принудуваат да го правите она со што не се согласувате.

Важно е да се проценат ризиците од Burnout во вашите лични (приватни) или активности на работа. Ако станете неговa жртва, нема да биде лесно работите да се вратат на вистинскиот пат. Таа состојба не може да се реши за кратко време и веројатно ќе предизвика драстични промени во вашите ставови и стил на живеење. Затоа, многу e подобро спречување на симптомите отколку да се борите отпосле да го враќате вашиот живот во поранешната состојба.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Семинарот
СОГОРУВАЊЕ-BURNOUT - ПРЕВЕНЦИЈА И МЕНАЏМЕНТ

ќе започне на

7 февруари 2013 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02) 2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за курсеви јануари - јуни 2013 (.pdf)

распоред за семинари ЗИМА 2013 (.pdf)

 

цени 2012/2013 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.