Цена

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници
- попуст од 20%

за тројца и повеќе учесници
- попуст од 30%
 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

4-18 јуни 2015 година

четврток: 19.40 - 21.40 часот (3 предавања)

Цена

3.850,00 денари

Приклучете се.


Со следење на семинарот ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА И МЕНАЏМЕНТ добивате ексклузивна цена за 10 третмани во солена соба за 1.300,00 денари


ГРУПА - јуни

4 јуни 2015

 

ГРУПА - декември

16 декември 2014

 

ГРУПА - октомври

13 октомври 2014

 

 

*бројот на членови на групи е ограничен

 

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Тони Анев

(CV, тренери)

сертификат: Позитивна психологија и менаџмент


Менаџерите имаат проблеми со стресот, особено ако немаат поддршка од менаџмент-тимот во претпријатието. Вработените очекуваат од директорот да знае што да прави во секоја ситуација, а директорот кој истовремено е и сопственик на претпријатието има вложено значителен капитал во бизнисот што дополнително врши притисок на неговите одлуки.

Линијата помеѓу работата и личниот живот често е тенка, што резултира последиците од стресот да зависат од тоа што ни се случува дома и на работа.

Познато e дека негативните емоции, како лутина, вознемиреност и тага, можат лошо да влијаат на здравјето, при што нашиот одговор е стрес кој може да прерасне во хроничен, правејќи нè поподложни на кардиоваскуларни болести. Но, истражувањата во позитивната психологија откриле дека позитивни емоции може да помогнат во спречување на физичките реакции кои доведуваат до овие проблеми.

Позитивната психологија се фокусира на предностите и факторите кои им помагаат на луѓето да напредуваат, да постигнат чувство на исполнетост, како и поефикасно да управуваат со стресот.
Тоа е важен инструмент за управување со стресот, со што им помага на менаџерите во преземањето соодветни одлуки во критични и стресни ситуации.


Цели на семинарот

Обуката ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА И МЕНАЏМЕНТ претставува антистрес-програма, во која ќе научите да управувате со сопствените состојби и успешно да ги совладувате стресните состојби во семејството и на работа, да ги негувате позитивните емоции во себе и да одржувате позитивен начин на размислување, како и да ги менаџирате негативните состојби на позитивен начин.


Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

  • карактеристики на стресот и влијание на стресната реакција

  • стресот на работното место и во секојдневниот живот

  • личност и начини на реагирање во стресни ситуации

  • фрустрации и конфликти, реакции на конфликти

  • превенција, справување, третман и управување со стресот - вежби и техники на опуштање и релаксација

  • позитивни состојби (позитивни емоции, добросостојба)

  • позитивен поединец (позитивно мислење - самоефикасност, позитивна мотивацијa, позитивен развој)

  • позитивни односи

  • позитивна заедница

Обуката ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА И МЕНАЏМЕНТ е наменета за претставници на менаџментот и персоналот на успешните мали и средни претпријатија, но и за службениците во јавната администрација, финансиските институции и организациите каде во секојдневното работење доминира директниот контакт со клиенти и тимската работа на менаџментот.
На обуката може да се пријават претпријатија, поединци или невработени.

Како учесници на обуката, ќе се стекнете со следните вештини:

- како да го намалите влијанието на околината и да ги контролирате емоциите
- како да ги идентификувате долгорочните придобивки од позитивните емоции
- како да развиете способност за перципирање на непотребните состојби, кои се карактеризираат со премногу или премалку позитивни емоции
- како да ги препознаете односите кои поттикнуваат стресни ситуации
- како да се подготвите за ситуации на зголемен стрес
- како да влијаете на надворешните поттикнувачи на стрес
 

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

Семинарот
ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА И МЕНАЏМЕНТ

ќе започне на

4 јуни 2015 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.