|
ИНДИВИДУАЛЕН
ПРИСТАП
Пред доаѓањето на обуката секој пријавен учесник треба да пополни
прашалник, со што ќе ни
помогнете да ги согледаме индивидуалните познавања и состојби на менаџирање на
проектите во вашето претпријатие или организација. Ова е значајна компонента на
обуката која ќе овозможи дискусија на конкретни прашања и решавање на конкретни
проблеми за време на обуката, како и развој на индивидуален акционен план за
секој учесник во неа.
ЛИТЕРАТУРА
Сите учесници на
обуката ќе добијат печатена литература - прирачник "ОСИГУРУВАЊЕ
И КОНТРОЛА НА РИЗИК". Оние кои нема да можат да присуствуваат на обуката,
прирачникот може да го набават во КОСМО Иновативен Центар по цена од 980,00
денари.
КОТИЗАЦИЈА:
3.160,00 денари по лице со плаќање однапред на сметка на КОСМО Иновативен Центар
бр. 210-0575582401-20, ДБ 4030003477844 во Тутунска Банка АД Скопје или во
готово во нашата канцеларија
за двајца
пријавени учесници - попуст од 20%
|
ПРОГРАМА
ЗА НЕФИНАНСИСКИ УСЛУГИ
Градење капацитет на претприемачи
ОСИГУРУВАЊЕ ВО ТРГОВИЈАТА И МЕНАЏИРАЊЕ НА РИЗИК
сабота,
19
мај
2007
год.
10.00 - 16.00 часот
предавач:
д-р Раде Цветаноски
Осигурувањето (assurance,
insurance) е поим кој во одделни сегменти, помалку или повеќе, им е познат на
сите. Осигурувањето може да се дефинира како правен однос заснован со помош на
договор, а се вбројува во стопанско-правните работи, со кои едно лице
(осигурител), со помош на наплата на определена цена (премија на осигурувањето),
се обврзува на друго лице (договарач на осигурањето) дека на определена личност
(осигуреник) ќе му го исплати надоместот (осигурнината) за штетата настаната на
лицата или имотот, а која е последица предвидена со договорот (осигурениот
ризик).
Осигурувањето во трговијата во најголема мера го опфаќа осигурувањето на
транспортот, иако во комплексните партнерски договори со странски инвеститори
мора да биде вклучено и осигурувањето на средствата за работа, осигурувањето
магацини и магацинското складирање. Во меѓународната трговија често се среќаваме
и со ризици во наплатата и политички ризици за кои исто така постојат форми за
нивно управување и осигурување.
Обуката ќе
се фокусира на следните теми:
1. ДЕФИНИЦИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
2. УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
3.ДОКУМЕНТИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО
3. 1. ПОНУДА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
3.2. ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
3.2.1. Поморски и копнени полиси
3.2.2. Индивидуални и колективни полиси
3.2.3. Поединечни и генерални полиси
3.2.4. Валутирани и невалутирани полиси
3.2.5. Карго и каско полиси
3.2.6. Постапка за склучување на договор за осигурување
3.2.7. Постапка за издавање на полисата за осигурување
3.3. ЛИСТ НА ПОКРИТИЕ
3.4. СЕРТИФИКАТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
3.5. ПОТВРДА ЗА СКЛУЧЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
3.6. СЛИП ИЛИ КОВЕР НОТИ
4. УТВРДУВАЊЕ НА ТАРИФИТЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО
5. ТЕХНИКА НА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТАТА ВО ОСИГУРУВАЊЕТО НА ТРАНСПОРТОТ
5.1. ПРИЈАВА НА ШТЕТНИОТ НАСТАН
5.2. РЕШАВАЊЕ НА ШТЕТАТА
5.3. ИСПЛАТА НА НАДОКНАДАТА ЗА ШТЕТА
5.4. ПРИЈАВА И ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ ВО НЕЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Наставата се одвива во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, кои
се oпремени
со современи аудио-визуелни технички средства за настава
flip-chart PC
Pentium IV за секој
кандидат, DSL
интернет-конекција,
LCD-проектор
итн.
Ве молиме, потврдете го вашето учество со пополнување и испраќање назад на
приложениот формулар по
факс
или
e-mail
пријава за обуката (doc.)
|
контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист
тел.
(02) 2 448 077
факс
(02) 2 448 240

кредит-систем
ECTS
long life learning
распоред за ноември 2008 - февруари 2009 (.pdf)
цени 2008/2009 (.pdf)
|