|
|
Литература Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник за Одржлив развој на туризмот
Метод на настава интерактивни техники на ангажирано поучување и учење
Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата
Цена 16 часа: 5.900,00 денари (плаќање на две рати)
МОЖНОСТ за авансни уплати за еден учесник - попуст од 10% за двајца пријавени учесници - попуст од 20%, за тројца и повеќе учесници - попуст од 30%
|
22 мај - 26 јуни 2012 година вторник: 19.40 - 21.40 часот (x 6 термини)
фонд на
часови:
16 / ECVET-кредити: 1 предавач: Шуна Спировска |
ГРУПА - мај 22 мај - 26 јуни 2012
ГРУПА - јануари
28 јануари -
Пријавување Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.
Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. |
|
сертификат: Одржлив развој на туризмот |
||
|
Туризмот е најголема индустрија во светот, која во текот на дваесеттиот век деструктивно влијаеше на животната средина: плажите, брегот покрај морињата, но и мирните планински предели и езера се пренатрупаа со хотели, ресторани, казина. Со понудата на алтернативни туристички дестинации, изборот стана поголем и масовниот туризам се развиваше насекаде. Се развиваше и т.н. еко-туризам, фокусиран на истражување на дивиот свет, природата или „егзотичните“ култури. Но и ваквиот туризам може да ја оштети природата и начинот на живеење на локалното население. Одржливиот туризам претставува развој на туризмот кој нема да ја оштети животната средина, економијата и културата на локацијата каде се одвива. Целта на одржливиот туризам е да обезбеди позитивно искуство на локалното население, туристичките компании и самите туристи. Но, одржливиот туризам не мора секогаш јавно да се промовира како насочен кон заштита на животната средина или културното наследство за да биде успешен, бидејќи сеуште мал број туристи свесно сакаат „зелен“ или „еко-туризам“. Но, доколку во туристичкиот регион и локалитети се реализираат проекти како, на пример, рециклирање на отпадот и долгорочно се планираат и реализираат активности за чиста околина и заштита на животната и културна средина, сето тоа ќе има резултат во почисти, поубави, атрактивни и живописни туристички локации, кои и без посебно етикетирање ќе бидат многу повеќе пријатни и ќе ги задоволат очекувањата и потребите на поширок круг туристи. Цели на семинарот Семинарот ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ има цел менаџерите и одговорните за развој во компаниите кои се дел од синџирот на туризмот (туристички агенции, транспортни претпријатија, туристички организации, туристички објекти - хотели, апартмани, објекти за изнајмување, угостителски објекти и др.), во соработка со локалната власт и заедница, да ги насочи за заедничка подготовка на проектни и бизнис-планови за одржлив развој на туризмот во регионите од заеднички интерес. |
||
|
Одржливиот туризам претставува одговор на нерегулираниот деструктивен туризам и неговиот развој се базира на договор и соработка меѓу туристичките компании и локалната власт и заедница, со цел да се влијае на сите видови туризам. |
||
|
Семинарот ќе се фокусира на следните теми:
1.
Одржлив развој на туризмот
2.
Принципи за регионален развој
3.
Одржливост во туризмот
4. Мерење
на одржливоста на туризмот
5. Клучни
критериуми за одржливост
6.
Бизнис-план за одржлив развој на туризмот |
||
|
|
Ефектите од едукацијата на учесниците на семинарот во нивните матични претпријатија и организации ќе се манифестира со:
-
разбирања за потребите од одржлив развој на туризмот |
|
|
Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор
|
Семинарот ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ
22 мај 2012 година ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240 e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk |
контакт-лице
Закон за образование на возрасните (.pdf)
распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf) распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)
|
|
почетна услуги обуки производи референци работа за нас контакт |
|
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани. |