НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Бизнис проект-менаџмент, Бизнис процес-менаџмент и Управување со човечки ресурси) кандидатите добиваат сертификат за обука за Менаџмент на ризик во организациите.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Колку и да сакате, животот никогаш не се одвива според плановите. Нормално, во работењето исто така се случуваат проблеми кои треба да ги решавате. Но, дали секогаш можете да се справите со ненајавена и голема криза? Постојат голем број ризици кои можат да го прекинат континуитетот на вашиот бизнис. Покрај социјални нереди или нестабилен пазар, можат да се случат големи промени на цените или недостаток на производи, хаварија во производен погон, магацин или загуба на готови производи, спречен компјутерски пристап до податоци и информации, а понекогаш можат да се случат закани од временска непогода, хемиско оружје, напад со огнено оружје, подметната бомба или вооружен грабеж. Може да се случи главниот добавувач да пропадне или да се случи штрајк на комплетен индустриски или транспортен сектор.

Менаџментот на континуитет и одржливост треба да обезбеди да продолжат бизнис-процесите во услови на економска или социјална криза, природна непогода или други ситуации кои можат да го загрозат континуитетот на работењето.


 

Дали вашата организација е подготвена за одржливост во услови на криза? Дали имате план за решавање на кризните ситуации? Обуката за Менаџмент на ризик на учесниците ќе им понуди решенија за критични и кризни ситуации во тековното работење, планирање и водење на проекти и управување со човечките ресурси.

Целна група

Клучните менаџери мора да ги следат ризиците во работењето и да воспоставуваат стратегии против нив преку внатрешна контрола и управување со ризиците во рамките на организациските процеси. Обуката можат да ја следат претприемачи од мали и средни претпријатија, претставници на производни и трговски претпријатија, претставници на корпоративниот и извршниот менаџмент и раководители на тимови на компании, јавни установи, финансиски и други видови организации.


Структура на обуката

Програмата за обуката Менаџмент на ризик
е составена од 3 модули/семинари.

8 часа / 0,5 кредити
повеќе...

8 часа / 0,5 кредити повеќе...

16 часа / 1 кредит повеќе...

Целите на обуката се:

  • дефинирање на функциите и потребите од менаџмент на континуитет и одржливост во организациите

  • дефинирање на потребите за проценка на ризик при планирање и управување со проектите и во тековното работење на организациите

  • идентификување на критичните процеси и зависности во организациите и проектите

  • донесување ефективни одлуки

  • бизнис проект-менаџмент

  • организација на бизнис-процеси и дефинирање задолженија

  • дефинирање и прифаќање на одговорностите на персоналот во реализација на проектите

  • вештини на ефективно делегирање

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.