Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник АЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ - ПРОМОЦИЈА И МАРКЕТИНГ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

Цена

20 часа:

6.980,00 денари

(плаќање на 2 рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

цени 2012/2013 (.pdf)

јануари - март 2013

вторник: 17.30 - 19.30 часот (x 7 предавања)

фонд на часови: 20 / ECVET кредити: 1,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Шуна Спировска и Саивца Поп-Тонева
ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Алтернативен туризам - промоција и маркетинг


ГРУПА - јануари
15 јануари 2013

Светската туристичка организација (The World Tourism Organization) го дефинира одржливиот туризам како „туризам кој се реализира преку менаџмент на сите ресурси, на таков начин што економските, социјалните и естетските потреби ќе бидат задоволени истовремено со одржување на културниот интегритет, важните еколошки процеси, биолошката разновидност и системите за поддршка на живиот свет“.

Овие принципи означуваат дека одржливиот туризам се држи на четири столбови: економска, еколошка, културна одржливост и одржливост на заедницата. Во развојот на овие четири принципи главни учесници се локалната економија (бизнисот), локалната заедница (населението) и локалната екологија (претставена од локалните менаџери за животна средина). Секоја локална заедница – општина (мала или голема) ги има главните учесници инволвирани во развојот на одржливиот туризам.

 


 

Алтернативниот туризам ги комбинира туристичките производи и услуги поинаку споредено со масовниот туризам во однос на набавките, организацијата и човечките ресурси. Алтернативниот туризам, меѓу другото, може да биде рурален, екотуризам, авантуристички, тематски (поврзан со културното и историско наследство), религиски, вински и друг вид туризам.

Руралниот туризам се фокусира на партиципирање во руралниот начин на живеење и на тој начин претставува варијанта на екотуризмот. Секоја рурална населба или село може да биде туристичка атракција - добро зачуваната природа, автентичните рурални предели и традиционалниот начин на правење вино, на пример, се дел од предусловите за развој на производот/услугата - алтернативен туризам.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • разбирања за потребите од одржлив развој на туризмот

  • туристички производ и услуги (природа, карактеристики, класификација), 7П

  • подготовка на проектни и бизнис-планови за одржлив развој на туризмот во регионите од заеднички интерес

  • маркетинг-концептот во одржливиот туризам

  • видови алтернативен туризам и можности во Македонија

  • алтернативен наспроти масовен туризам

  • 4П на маркетингот за алтернативни видови туризам

  • квалитетот - најважен концепт

  • воведување на методите на е-туризмот при менаџирањето на одржливиот туризам

  • подготовка на маркетинг-стратегии за развој на алтернативен и рурален туризам во рамките на принципите за одржлив туризам

Туристичкиот маркетинг е дефиниран како „континуирана адаптација на туристичкиот производ наспроти пазарот на кој е насочен“
Специфично за туристичкиот производ е тоа што тој може да се консумира само на местото каде е произведен. Исто така, туризмот е комплексен производ, бидејќи за негово производство работат заедно повеќе бизниси и агенции во соработка со јавниот сектор. Поради тоа, за успешен маркетинг на туризмот во одредена дестинација, регион или држава е потребна соработка на сите учесници во подготовката на туристичкиот производ, за тој да може како интегриран производ да му се понуди на потрошувачот - туристот.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Курсот започнува од 15 јануари 2013 година

пријавување и информации:

пријава

 (02) 244 8077; 070/361-553 факс: (02) 244 8240
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за курсеви јануари - јуни 2013 (.pdf)

распоред за семинари ЗИМА 2013 (.pdf)

 

цени 2012/2013 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.