Цена

14.200,00 денари
 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачници

СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

МЕНАЏМЕНТ-ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ  

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

фонд на часови: 52 / ECVET кредити: 3
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Нина Угриновска, Искра Трајкоска
и Анета Мајсторова-Ивановска

ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Менаџер на деловни процеси


Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

беплатни прирачници
за учесниците на обуката

СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

МЕНАЏМЕНТ-ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ

Менаџирањето на деловните процеси во организациите е насочено кон контрола и оптимизација на процесите во организациите.

Успешното менаџирање на деловните процеси значи:

  • организациски активности фокусирани на резултатите (не на задачите)

  • континуирано коригирање и подобрување на процесите

  • стандардизирање на процесите во организацијата, така да бидат разбирливи, лесно да се менаџираат, да ги намалат грешките и да се ублажат ризиците

  • овозможување услови за постојани промени кои можат постојано да се применуваат и имплементираат

  • подобрување на постојните процеси наместо да се воспоставуваат нови процеси чие имплементирање може да трае долго и да не донесат придобивки

Менаџирањето на деловните процеси е олеснето во организациите каде се воведени ISO стандардите. Во организациите каде треба да се воведат ISO стандардите истовремено се дефинираат и/или воспоставуваат деловните процеси. Во организациите кои веќе ги практикуваат ISO стандардите, менаџирањето на деловните процеси значи континуирано подобрување, но и реорганизација на бизнис-процесите - Business Process Reengineering, односно анализа и дизајн на процедурите и процесите, со цел нивно подобро интегрирање во организацијата, подобрување на комуникацијата и размена на информациите во организацијата, воведување ERP системи, подобрување на HR менаџментот и менаџментот на знаење, подобрување на односите со клиентите итн.

За менаџирање на деловните процеси, добивањето информации за состојбите со процесите во организацијата и управување со нив, е само дел од решението - потоа е потребен увид и оценка за потребите во организацијата и повратно комуницирање со вработените во разбирлив формат.

Менаџмент-информацискиот систем е систем на управување со информациите кое ги обезбедува информациите за ефективно и безбедно менаџирање во организациите. Овој систем ги поврзува примарните ресурси: технологија, информација, процеси и луѓе.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • дефиниција и идентификација на деловните процеси

  • дефиниција и идентификација на потпроцеси

  • организација на деловните процеси и дефинирање задолженија

  • изработка на дијаграм на процеси и процедури - процесни модели

  • препознавање на тековните процеси, дизајнирање на нови и оптимизација на постојните процеси

  • воведување или одржување на стандарди за управување со деловни процеси (Total Quality Management, six sigma, ISO 9000)

  • процесни матрици

  • оптимизација на процесите

  • реорганизација на бизнис-процеси (Business Process Reengineering)

  • реорганизација на компаниите (модерен пристап) - 7 пилари за ефективна трансформација на компаниите

  • Culture Killers (постапки кои ја уништуваат корпоративната култура при брз раст на компаниите)

  • улога на вработените во бизнис-процесите

  • организациско однесување

  • управување со извршување на работата (Performance Management)

  • организациски промени

  • контрола во управувањето со човечки ресурси

  • раководење со тим

  • управување со информациите како менаџмент-процес, а не како технолошки процес

  • сигурносни контроли за обработка на информациите во однос на трите принципи: достапност, доверливост и интегритет

  • избор на решение и имплементација на ERP технологијата

Градењето организациска структура е постојан процес и прилагодување кон турбулентната и понекогаш хаотична средина. При тоа, улогата на човечките ресурси е пресудна во секоја организација. Само организациите кои располагаат со персонал со знаење, флексибилни процеси и адаптибилни технологии можат да поддржат промени потребни за адаптација, опстанок и напредок.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

(02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел. (02) 244 8077,
075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.