НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Управување со човечки ресурси, Конфликт-менаџмент и Трудово право и заштита при работа), кандидатите добиваат сертификат за обука за Менаџмент на човечки ресурси.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Наменскиот ангажман на човечкиот капитал е еден од најважните фактори за успех и конкурентност на компаниите и организациите. Со учество на обуката Управување со човечки ресурси ќе се стекнете со вештини кои се потребни во сите области на Human Resources Management-от, почнувајќи од стратегијата, преку изборот на нови вработени, системската поддршка во нивниот развој, управувањето со промени, отпорот и конфликтите, па сè до контролингот.

По завршување на комплетната обука ќе знаете кои се задачите на одговорниот за развој на човечките ресурси и ќе ви стане јасна вашата улога, како и можностите и границите во чии рамки треба да се управува со човечките ресурси во организациите. Со обуката ќе стекнете Know-How за претворање на човечкиот потенцијал во зголемување на добивката на компанијата и ќе постигнете компетенции кои ќе ви овозможат квалитетно реализирање на оперативните и стратешките задачи на менаџментот за човечки ресурси.


 

За напредок и усовршување на одговорните лица за управување и развој на човечките ресурси, од голема важност е размената на искуства со колегите. На оваа обука учесниците ќе имаат можност за размена на искуства и двострано учење од колегите.

Целна група

Обуката е наменета за менаџери за човечки ресурси, за вработени во кадровска служба, за идни менаџери со човечки ресурси и за сите кои сакаат да се усовршуваат во полето на управување со човечките потенцијали.


Структура на обуката

Програмата за обуката Менаџмент на човечки ресурси
е составена од 3 модули/семинари.

16 часа / 1 кредит

повеќе...

16 часа / 1 кредит

повеќе...

8 часа / 0,5 кредити

повеќе...

Целите на обуката се:

Независно дали веќе сте менаџер за човечки ресурси или тоа сакате да станете, целта на обуката е развој на стручни и социјални компетенции за да можете:

  • да се запознаете себеси како личност, да ги запознаете своите потенцијали и да научите да ги развивате

  • да научите како да постигнете соодветен имиџ на вашата компанија (организација) на пазарот и понатаму да одберете соодветен персонал

  • да можете да ги анализирате потенцијалите и да употребувате други инструменти за управување и развој на човечките ресурси

  • да ги мотивирате вработените

  • да ги подготвувате разговорите со соработниците и да ги реализирате со помош на вештини за лично управување

  • да управувате и разрешување конфликти во организацијата

  • да го утврдите на начинот за перцепцијата на опкружувањето - гледање на работите од сите аспекти

  • да се стекнете со знаење за заштитата при работа и трудовото право

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.