Цена

6.980,00 денари
(плаќање на 2 рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат прирачник МЕНАЏМЕНТ-ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

цена

6.980,00 денари

фонд на часови: 20 / ECVET кредити: 1,5
(еден наставен час - 40 минути)


предавач: Нина Угриновска
ISCED 5А сертифициранa, согласно ISBE-препораките

сертификат: Менаџмент информациски системи


Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

беплатен прирачник за учесниците на обуката



Менаџмент-информацискиот систем е систем на управување со информациите кое ги обезбедува информациите за ефективно и безбедно менаџирање во организациите. Овој систем ги поврзува примарните ресурси: технологија, информација, процеси и луѓе. Менаџмент-информациските системи претставуваат поддршка и управување со процедурите за интерна контрола во бизнисот и организациите, која се спроведува врз луѓето, документите и технологиите со цел спречување и решавање на проблемите во работењето.

Со менаџмент на информациските системи се анализираат, контролираат и обработуваат и другите информациски системи кои се дел од оперативните активности во организациите. Со тоа, менаџментот на информациските системи помага во подобрувањето на бизнис-процесите и комуникацијата во организацијата, воведувањето или одржувањето на ISO стандардите, подобрувањето на HR менаџментот и менаџментот на знаење, подобрувањето на односите со клиентите итн.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • опис и објаснување како информациската технологија може да се употреби во создавање деловна вредност во различни производни, трговски и услужни претпријатија и во различни видови организации

  • управување со информациите како менаџмент-процес, а не како технолошки процес

  • управување со сигурност на информативните системи

  • сигурносни контроли во управување со човечки ресурси, физичка безбеднст, органозациска безбедност, административни, технички и физички контроли

  • менаџирање на усогласеност со релевантните закони, поставување на контролни точки

  • управување со контрола на пристап и сопственост на средствата на компаниите

  • управување со инциденти, контрола за намалување и избегнување

  • сигурносни контроли за обработка на информациите во оснос на трите принципи : достапност, доверливост и интегритет

  • организација на бизнис-процеси и дефинирање задолженија

  • изработка на дијаграм на процеси и процедури - процесни модели

  • препознавање на тековните процеси, дизајнирање на нови и оптимизација на постоечките процеси

  • воведување или одржување на стандарди за управување со деловни процеси (Total Quality Management, six sigma, ISO 9000)

  • проценка и управување со ризикот во деловните процеси и средствата

  • подготовка на планови за континуитет во работењето во кризни ситуации

  • избор на решение и имплементација на ERP технологијата

Информацијата е клучен ресурс за функционирање на менаџментот на организациите. Навремената достапност до релевантни информации е значајна за ефективно реализирање на менаџерските функции, како што се планирањето, организирањето, раководењето и контролата.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

(02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.

2