• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт


КОСМО Иновативен Центар во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нирнберг, Германија и Федералната Стопанска Комора на Австрија нуди повеќе меѓународно сертифицирани програми и специјализации за специфични теми на маркетинг, менаџмент и енергетска ефикасност.


EUREM е стандардизирана европска Energy Manager програма за обука, која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења.

повеќе...

ЗАДАЧИ за учесниците во обуките

За да добијат сертификат за Европски Energy Manager и да станат член на EUREM заедницата, учесниците на EUREM програмата треба да ги исполнат следниве задачи:

  • присуство на EUREM предавањата (задолжително присуство)

  • успешно завршување на писмениот тест (траење од 2 часа)

  • изработка на енергетски концепт за енергетска оптимизација во компанијата (проектна работа)

  • презентирање на енергетскиот концепт пред жирито

  • употреба на електронскиот форум (eForum)

КВАЛИФИКАЦИИ за учесниците во обуките

  • основно познавање на енергетската технологија

  • работно место со функција на ниво на управување (второ или трето хиерархиско ниво) или директен пристап до донесувачите на одлуки (пристап до менаџментот, можност за поднесување проектни предлози)

  • добро познавање на производството и енергетски релевантните процеси

  • искуство во оперативниот енергетски концепт

  • AOP познавање (Windows, Word, Excel)

  • интензивно професионално искуство

ВЕШТИНИ кои треба да ги стекнат
учесниците во обуките

За да ги постигнат целите на обуката (намалување на енергетските трошоци),
учесниците до крајот на обуката треба да се стекнат со следниве вештини:

  • способност за анализирање на енергетската ситуација

  • способност за развивање технички проекти за заштеда

  • способност за „продавање“ на проектот до врвниот менаџмент
    (можност за враќање на инвестицијата)

  • проектно иницирање и координација

  • оценување и обезбедување на зададените заштеди

  • одржување континуиран процес за подобрување

Структура на програмата >>

Програма за обука >>

Енергетски концепти 2014-2015 >>

Nuremberg Chamber of Commerce and Industry
Индустриска Стопанска Комора на Нинберг, Германија

Индустриската Стопанска Комора на Нинберге е претприемничка организација со цел промовирање на бизнисот. Како тело основано согласно јавното право, Комората ја претставува целата индустрија во балансирана животната средина. Како независна, самостојно-управувана, Комората обезбедува услуги за компаниите членки, регионот, државните и федералните власти на Баварија - и, исто така, за вас и вашата компанија.


WIFI International вмрежува компании на австриската економија со претприемачи и менаџери на локалните мали и средни претпријатија преку практични програми за обука. Овој меѓународен трансфер на know-how, исто така, овозможува воспоставување на билатерални деловни контакти и односи. Неодамна спроведена студија за овие странски контакти на WIFI International во Западен Балкан и регионот ЗНД покажува постојано позитивен фидбек.

Меѓународен сертификат
за European Energy Manager

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

 

контакт-лице

Христина Софеска
информации/пријави

тел. (02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

e-mail:
hristina@cosmoinnovate.com.mk

повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за KNOW-HOW обуките >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за КОНФЕРЕНЦИИТЕ >>

повеќе за RELAX-програмата >>

кредит-систем ECTS (pdf.)

кредит-систем ECVET

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

ТРЕНЕРИ

 

пријава за КУРС (.doc)

пријава за KNOW-HOW семинар (.doc)

пријава за EUREM (.doc)

пријава за RELAX-програма (.doc)

 

Обуките во LIFE Long Learning програмата на КОСМО Иновативен Центар се спроведуваат согласно препораките во документите на Копенхагенскиот Процес

Рзолуција на Европскиот Парламент од 18 декември 2008 година со препорака на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за воведување кредит-систем за образованието за возрасни - European Credit System for Vocational Education and Training (ECVET) 

За регистрирање на активностите на студентите потребни за релизација на наставните програми и добиените знаења и компетенции со соодветните курсеви во образованието дефинирано со EUROPASS

Имплементирање на ECTS (од циклусот 2005/06 во LIFE Long Learning програмата на КОСМО Иновативен Центар)

Имплементирање на ECVET (European Credit System for Vocational Education and Training) во LIFE Long Learning во програмата на КОСМО Иновативен Центар - циклус обуки 2009/2010

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.