ЦЕНА

3.850,00 денари

(плаќање на две рати)

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат прирачник

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата

фонд на часови: 8 / ECVET-кредити: 0,5
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Анита Алексова
ISCED 5А сертифициран, согласно ISBE-препораките
(CV, тренери)

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

сертификат: Кредитен процес


Зошто бизнисите позајмуваат пари?

Да почнеме со потребата! Зошто претпријатијата позајмуваат пари? Всушност, се поставуваат две прашања. Првото прашање e: зошто претпријатието има потреба од пари - за што треба да се употребат парите? Второто прашање е: зошто претпријатието ќе позајмува пари? Секој здрав бизнис генерално треба да има на располагање голем број можности за финансирање - зошто заем од банка е првиот избор? Дали тоа е првиот избор? Одговорите на горните прашања се влезните параметри при донесувањето на одлуката за кредитирање.


Зошто на претпријатието му се потребни пари и што ќе направи со нив? Најчестите причини дадени од кредитобарателот се:

- за финансирање на основни и обртни средства

- за да се добијат подобри услови за постојните кредити или кредитни линии

- развој

- проширување на бизнисот


На оваа обука ќе се обработат темите кои треба да се анализираат и на кои треба да се даде одговор пред да се донесе одлука за кредитирање:

1. намерата и намената за користење на кредитот
2. класификацијата на ризиците
3. цената на кредитот
4. соодветноста на кредитот

Намера

Се работи за намерата на кредитобарателот да го врати кредитот. Понекогаш, кредитобарателот нема намера да го отплаќа. Како може да се процени неговата намера? Интегритетот, посветеноста, учинокот, обезбедувањето... Ова се многу моќни индикатори, кои на кредитниот референт му овозможуваат да процени дали има доволно причини бизнисот (кредитобарателот) и кредитодавателот да влезат во меѓусебен деловен однос.

Класификација на ризици

Ризиците доаѓаат во различни облици и форми и „купувачите“ на ризик имаат различни профили на ризик. Важно за „купувачот“ е да ги увиди димензиите на одреден тип ризик, како и да го процени својот профил на ризик пред да се согласи да преземе ризик.

Оценувањето, класификацијата и селекцијата на одреден ризик од корпата на ризици се нарекува преземен ризик. Кога еден кредитен службеник во комерцијална банка ќе се согласи да позајми пари на еден клиент, тој го презема ризикот на кредитот. Мора да се запамети дека постои субјективна, како и објективна страна на кредитната одлука и вистинската рамнотежа треба да се одржува меѓу двете.

Цена на кредитот

Од гледна точка на клиентот, преземањето на ризикот зависи од тоа која е цената на производот (кредитот) што се нуди. Од проценката на кредитниот референт за финансиската способност на претпријатието ќе се утврди соодветната кредитна линија и каматната стапка, а со тоа и цената на производот (кредитот).

Соодветност

Класификацијата има најголем придонес во конечната одлука. Дури и ако ризикот и цената се класифицирани соодветно, „купувачот“ на ризик може да одлучи да не го преземе. Субјективни фактори, како што се културата на организацијата, позиционираноста на пазарот или нејзините стратешки цели вршат значително влијание врз донесувањето на конечната одлука. Секој кредит е различен и тој може или не може да одговара на профилот на корисникот на кредит за да може да го прифати.

Некои бизниси не се подготвени да ја откријат точната мотивација за задолжувањето. Во вакви случаи, претпријатието е во таква развојна фаза каде задолжувањето може да се оправда, до одреден степен, со даденото образложение за кредитот. Сепак, за правилна кредитна анализа и оптимално проектирање на кредитната способност, важно е да се идентификува точната потреба и употреба на бараните средства.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.