НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Планирање и менаџмент на продажба, Вештини на комуникација и односи со јавност и Наплата на побарувања и односи со клиенти) кандидатите добиваат сертификат за обука за Контрола на продажба.

 

ЦЕНА

24 часа

8.100,00 денари

(плаќање на 3 рати
по 2.700,00 денари)

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Силните конкурентски придвижувања на пазарот, неточните предвидувања, лошата реализација на терен на договорената продажна стратегија и лошата комуникација во продажниот тим се чести причини кои доведуваат до неуспех на продажниот менаџмент во реализација на продажбата.

Континуираното следење и контрола на продажниот процес е еден од методите преку кој менаџирањето на продажбата може да одговори на константниот притисок на променливиот пазар. Истовремено, на продажниот тим треба да му се овозможи брзо да се прилагоди на новите предизвици и да развие конкурентски вештини во опкружување со останатите сериозни „играчи“ на пазарот.


ГРУПА
јуни

од 2 јуни 2012

 

ГРУПА
април - јуни

од 7 април 2012

 

ГРУПА
ноември 2011 -
јануари 2012

18 ноември 2011

Доброто планирање на продажниот процес, негувањето и развивањето продажни и комуникациски вештини на членовите на продажниот тим, мотивирањето на продажниот тим, способноста за брзи прилагодувања во дистрибутивниот ланец и корекциите на цените согласно тековната ситуација на пазарот се фактори кои ќе доведат до зголемување на продажбата и профитот.

Целна група

Програмата е наменета за менаџери со одговорности за менаџирање на продажбата, раководители на продажен сектор или комерција, координатори на продажен тим и сите кои се дел од организацискиот ланец на продажбата во претпријатија кои се занимаваат со трговија или производство на производи и услуги.


Структура на обуката

Програмата за обуката Контрола на продажба
е составена од 3 модули/семинари.

8 часа / 0,5 кредит
повеќе...

8 часа / 0,5 кредити повеќе...

8 часа / 0,5 кредити повеќе...

Целите на обуката се:

  • примена на мотивациски техники за стимулација на продажниот тим со истовремена контрола на трошоците на бизнисот

  • перцепција и кратење на непотребните трошоци

  • анализа на продажните контакти

  • редизајнирање на продажните територии со акцент на зголемување на профитот

  • ефективно менаџирање на продажниот тим

  • планирање и подготовка за продажни состаноци

  • перципирање на личните желби на клиентот и негово водење низ процесот на продажба

  • селекција и ангажман на „најдобри“ продавачи

  • развивање вештини за ефективно водење и лидерство

  • наплата на побарувања

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Почетокот на предавањата е од

2 јуни 2012 година

пријава

Обуката се реализира во три месеци - еднаш-два пати месечно во попладневни термини, во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување

 

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.