• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт


Еднодневни до тридневни специјализирани семинари со издвоени теми наменети за сите заинтересирани за надополнување на своите деловни вештини и знаења. Модулите може да се следат поединечно, да се комбинираат по свои потреби или во пакети од понудените in-house обуки.

Отворените семинари се повторуваат во два циклуса - есенски (од септември до јануари) и пролетен (од февруари до јуни) и се реализираат во закажаните термини. In-house семинарите се реализират како интерсни обуки во договор со коминтентите.

семинарите се реализираат секој ден - кратки модули во
флексибилни термини редослед.

Модулите можат да се следат издвоено, по редослед и според можностите
и потребите на заинтересираните слушатели
, секоја седмица во истиот ден
и истиот термин
во текот на целата година.


МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА >

МЕНАЏМЕНТ >

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ >

ФИНАНСИИ >

ТУРИЗАМ >


МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА  ^

FLEXI семинарите се реализираат
секој ден - кратки модули во
флексибилни термини редослед.

Целта на обуката е учесниците да ги совладаат методите на примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите, учесниците да научат да ги применат односите со јавноста за остварување на комерцијалните цели и да се користат како алатка за позитивна презентација на претпријатието и организацијата во јавноста.

повеќе...

in-house seminar

Tехники и стратегии за воспоставување продажен однос со потрошувачот/клиентот, влијание во процесот на донесувањето одлука за купување, водење тешки деловни разговори, но и успешна комуникација во конкурентно деловно опкружување.

повеќе...

in-house seminar

6-

Многу е важно да се разбере што се случува во мозокот на купувачот при купувањето. Успешните продавачи знаат луѓето зошто купуваат, зошто се воздржуваат од купување дури и кога мислат дека производот го сакаат и им е потребен и зошто би го купиле производот.

повеќе...

in-house seminar

 

 

 

Развојот на модерниот деловен свет потврдува дека имплементацијата на интернет маркетинг и e-commerce моделите секогаш ja зголемуваат продажбата на производите и услугите.

повеќе...

in-house seminar

Овој семинар нуди конкретни техники за употреба на интернет мрежата и социјалните медиуми како стратегија и алатка надоградена на класичниот маркетинг.

повеќе...

in-house seminar

Ефективните комуникациски вештини имаат клучно значење за оние кои сакаат успех во односите со јавноста или маркетингот. Односите со јавноста значат креирање и одржување на корисни односи меѓу организацијата и нејзината јавност. Овие односи е важно да се развијат и уште повеќе е важно да се негуваат.

повеќе...

in-house seminar

Условите за продажба на пазарот се брзо променливи и, покрај употребата на маркетинг-техниките, за континуирана успешна продажба потребен е и значителен ангажман за анализа и (ре)дефинирање на плановите за продажба како и (ре)организирање и структурирање на продажниот тим.

повеќе...

in-house seminar

 

 

 

На обуката ќе се совладаат техники и вештини за комуникација и продажен разговор кои ќе доведат до додавање вредност на продуктот според потребите на купувачот, што ќе резултира во успешна продажба.

повеќе...

in-house seminar

МЕНАЏМЕНТ ^

FLEXI семинарите се реализираат
секој ден - кратки модули во
флексибилни термини редослед.

Целта на обуката е унапредување на примарната менаџерска функција на учесниците  деловното планирање, со менторска поддршка за подобро планирање на разновидни активности и процеси во организациите.

повеќе...

in-house seminar

Програмата за канцелариски менаџмент е составена од тематски целини во кои низ практични вежби се разработуваат функциите на трговските друштва од организациски и економско-правен аспект.

повеќе...

АГЕНДА :: 4 септември

Проект-менаџерот има способности за планирање, пресметка на трошоци, менаџирање на ризик и управување со комплексни дисциплини, како што се избор на средства, менаџмент на набавки, менаџирање на човечки ресурси и комуникација.

повеќе...

in-house seminar

Семинарот Лидерство и менаџмент има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност.

повеќе...

АГЕНДА :: 31 октомври

Воведувањето на Бизнис процес-менаџмент пристапот во организациите е особено функционален пред воведување на ISO стандардите во организацијата. Во организациите кои веќе ги практикуваат ISO стандардите, Бизнис процес-менаџмент пристапот е корисен при реорганизација на бизнис-процесите - Business Process Reengineering.

повеќе...

in-house seminar

Семинарот Ефикасност и ефективност во работењето има цел на учесниците да им се подобрат менаџерските вештини, односно да се подобри нивната ефективност и истовремено да ги совладаат сите проблеми за ефикасно реализирање на работата.

повеќе...

in-house seminar

Семинарот Бизнис проект-менаџмент има цел менаџерите, проект-менаџерите и раководителите да ги подготви за повисоко ниво на водење на проекти и водење на бизнисот, како и за постигнување високо ниво на продуктивност.

повеќе...

in-house seminar

Европски норми и системи за стандардизација и сертифицирање за нормална реализација на извозниот процес на производите и услугите и обработка на оперативните извозни процедури во согласност со царинските и други барања.

повеќе...

in-house seminar

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ^

FLEXI семинарите се реализираат
секој ден - кратки модули во
флексибилни термини редослед.

Целта на обуката е учесниците - раководители на тимови - да ги совладаат техниките за формирање на тимот, раководење со тимот, градење и развивање на тимот во рамките на своето претпријатие или организација.

повеќе...

in-house seminar

Обуката е развиена со цел да ги унапреди комуникациските вештини на професионалците, оние кои работат со странки или во услужни дејности, презентерите и продавачите да ја подобрат нивната култура на бизнис комуницирање и односи со клиенти и потрошувачи.

повеќе...

АГЕНДА :: 19 септември

Целта на семинарот Трудово право и заштита при работа е менаџерите и раководителите, особено менаџерите за човечки ресурси и вработените во кадровската служба, проектните менаџери, како и соодветниот персонал, да се запознаат со сите права на работниците и системот за заштита при работа.

повеќе...

in-house seminar

Семинарот Управување со човечки ресурси има цел на учесниците да им се потенцира значењето и функциите на управувањето со човечки ресурси, да им се зголеми самодовербата и вештините потребни за нивно успешно менаџирање.

повеќе...

АГЕНДА :: 6 октомври

Креирањето и споделувањето на знаењето, како и управувањето со информациите се клучни за изградба на современи организации со врвна услуга, инженеринг на услугите и производите или организација на маркетингот.

повеќе...

in-house seminar

Целта на семинарот Конфликт-менаџмент е учесниците да го детектираат конфликтот и конфликтните стилови на реагирање, да го спречат самодеструктивното однесување и правилно да одговорат на конфликтот.

повеќе...

АГЕНДА :: 28 ноември

Интерактивни техники на ангажирано поучување и учење и интеракција меѓу слушателите и предавачите, за да се добијат идеи, да се разгледа нивната примена и да се заземе став.

повеќе...

in-house seminar

ФИНАНСИИ ^

FLEXI семинарите се реализираат
секој ден - кратки модули во
флексибилни термини редослед.

Целта на обуката е учесниците да ги совладаат методите на примена и толкување на финансиски извештаи за носење одлуки во тековното и идно работење на претпријатието и организацијата. Правилното толкување на финансиските извештаи ќе доведе до реални информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење.

повеќе...

АГЕНДА ::: секој понеделник

Целта на семинарот е учесниците кои го познаваат сметководството во правните стопански субјекти - мали и средни претпријатија, да се здобијат со знаења во врска со организацијата на сметководствениот систем во јавниот сектор и да ги надополнат практичните вештини за водење на т.н.државно сметководство и сметководство на непрофитни организации согласно законските норми.

повеќе...

in-house seminar

Обуката ги опфаќа основните сметководствени принципи и вештини за финансиска анализа, го објаснува вистинското значење на сметководствените термини и начинот на мерење на финансиските перформанси.

повеќе...

in-house seminar

Со користење на соодветните инструменти преку буџетирањето и контролингот може да се воочат аномалиите во работењето и да се предупреди менаџментот на потенцијалните можности или проблеми во деловното работењето.

повеќе...

in-house seminar

Основна цел на финансиската функција во малите и средните претпријатија е навременото и под најповолни услови обезбедување фондови за понатамошен развој на претпријатието.

повеќе...

in-house seminar

Секој здрав бизнис генерално треба да има на располагање голем број на можности за финансирање - зошто заем од банка е првиот избор? Дали тоа е првиот избор? Одговорите на овие прашања се влезните параметри при донесувањето на одлуката за кредитирање.

повеќе...

in-house seminar

Оптимизацијата на инвестициониот менаџмент значи дефинирање како и под кои услови треба да се остварат најголеми (најдобри) можни резултати во работењето или развојот со што помали вложувања.

повеќе...

in-house seminar

Во пазарниот систем на стопанисување, преземањето одредени инвестициски активности е речиси незамисливо без да се пристапи кон оптимирање на програмата за инвестиција и развој.

повеќе...

in-house seminar

ТУРИЗАМ ^

Туризмот е најголема индустрија во светот, која во текот на дваесеттиот век деструктивно влијаеше на животната средина: плажите, брегот покрај морињата, но и мирните планински предели и езера се пренатрупаа со хотели, ресторани, казина.

повеќе...

in-house seminar

Алтернативниот туризам ги комбинира туристичките производи и услуги поинаку споредено со масовниот туризам во однос на набавките, организацијата и човечките ресурси.

повеќе...

in-house seminar

Интернетот воведе револуција во дистрибуцијата на туристичките информации и продажба. Малите и средни туристички претпријатија со добро подготвена и иновативна веб страница сега можат да имаат „еднаков“ пристап на интернационалните туристички пазари.

повеќе...

in-house seminar

 
 

контакт-лице

Христина Софеска
информации/пријави

тел. (02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

e-mail:
hristina@cosmoinnovate.com.mk

повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за KNOW-HOW обуките >>

повеќе за КОНФЕРЕНЦИИТЕ >>

повеќе за СТУДИИТЕ >>

повеќе за RELAX-програмата >>

кредит-систем ECTS (pdf.)

кредит-систем ECVET

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

ТРЕНЕРИ

 

пријава за КУРС (.doc)

пријава за KNOW-HOW семинар (.doc)

пријава за EUREM (.doc)

пријава за RELAX-програма (.doc)

 

Обуките во LIFE Long Learning програмата на КОСМО Иновативен Центар се спроведуваат согласно препораките во документите на Копенхагенскиот Процес

Рзолуција на Европскиот Парламент од 18 декември 2008 година со препорака на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за воведување кредит-систем за образованието за возрасни - European Credit System for Vocational Education and Training (ECVET) 

За регистрирање на активностите на студентите потребни за релизација на наставните програми и добиените знаења и компетенции со соодветните курсеви во образованието дефинирано со EUROPASS

Имплементирање на ECTS (од циклусот 2005/06 во LIFE Long Learning програмата на КОСМО Иновативен Центар)

Имплементирање на ECVET (European Credit System for Vocational Education and Training) во LIFE Long Learning во програмата на КОСМО Иновативен Центар - циклус обуки 2009/2010

 

Know-how семинарите можат да се реализираат како интерни обуки за поголеми групи претставници на исто претпријатие или организација, со можност за прилагодување на програмата според потребите на клиентот. За специфични потреби на клиентите предлагаме пакет обуки составени од неколку know-how семинари.

Know-how семинарите можат да се реализираат низ couching пред мали групи на извршниот менаџмент или поединечно - со по еден претставник на менаџментот.

За повеќето претпријатија и организации од поширокиот регион, можноста за реализација на интерна обука ќе им ги намали трошоците споредено со испраќање на поединци на отворени обуки и семинари, но истовремено со интерната обука ќе добијат кориснички прилагодена програма фокусирана за менаџерскиот тим, кој ќе се обучува во една група и со тоа ефектно ќе се постигнат целите на обуката.

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.