|
|
Литература Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература БИЗНИС И ONLINE БРЕНДИРАЊЕ
Цена 8 часа: 3.850,00 денари (плаќање на две рати)
МОЖНОСТ за авансни уплати за еден учесник - попуст од 10% за двајца пријавени учесници - попуст од 20%, за тројца и повеќе учесници - попуст од 30%
|
фонд на
часови:
8 / ECVET-кредити: 0,5 предавач: Савица Поп Тонева |
Пријавување Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.
Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. |
|
сертификат: Интернет-брендирање |
||
|
Брендот е идентитет, тоа е она што ги прави една компанија, производ или услуга препознатливи и различни од своите конкуренти. Брендот е многу повеќе од лого, палета на бои или избор на фонт - тој се идентификува како збир од вредности и асоцијации. Пред да се појави интернетот, брендирањето беше поврзано со слики кои предизвикуваат чувства и емоции поврзани со одреден бренд на производ. Во тоа време на традиционални реклами во печатени медиуми, на радио или телевизија, рекламите беа одделени од производот кој се промовира. Импресијата или асоцијацијата се создаваа подалеку од производот или продавницата. Во ова време се одделени бренд-рекламирањето и бренд-искуството, односно сеуште не може да се купи преку рекламите на телевизија. Цели на семинарот Целта на семинарот е учесниците да го прифатат предизвикот на мрежата (web) – интерактивен медиум, кој овозможува единствени можности за брендирање подеднакво достапни на малите и средни претпријатија исто како и на големите компании, со што конкурентната информација за производите и услугите ќе станат достапни до купувачите за неколку секунди. Во денешното време на интернет, купувачите се тие кои ќе одлучат дали ќе одговорат на рекламата, а во многу случаи тие одлучуваат дали воопшто ќе ја гледаат рекламата. Со оглед на тоа што е важно да се постигне блиска линија меѓу брендирањето и бренд-искуството, интернет бренд-искуството најбрзо се постигнува со веб сајтот. Иако на интернет можеме да направиме одлична рекламна кампања, таа може да постигне ефект само доколку бренд-искуството кое купувачот ќе го доживее на веб сајтот е еднакво добро и соодветно како и самата кампања. Одлична интернет рекламна кампања може да го сруши брендот доколку веб сајтот не ја пренесува перцепцијата прикажана во рекламната кампања. Брендирањето е целокупното искуство на потрошувачот, релацијата меѓу компанијата и клиентот; тоа претставува начин на кој компанијата ги креира чувствата на клиентот и се применува подеднакво online и offlinе. |
||
|
Семинарот ќе се фокусира на следните теми:
1. Брендирање - поим и дефиниција
2. Потекло на брендингот
3. Дисциплини на градење бренд
4. Лојалност кон брендот
5. Брендинг 2.0 6. Е-брендинг примери |
||
|
|
Учесниците на
семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни
дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за
постигнување ефективна едукација. а со завршување на семинарот
кандидатите ќе ги научат основите на виртуелното брендирање: |
|
|
Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор
|
ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240 e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk |
контакт-лице
Закон за образование на возрасните (.pdf)
распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf) распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)
|
|
почетна услуги обуки производи референци работа за нас контакт |
|
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани. |